Свет
Тридневна жалост за 62 жртви од пожарот во Португалија
Португалската влада прогласи тридневна жалост за 62-те жртви на еден од најсмртоносните пожари во историјата на оваа земја.
Многу од мртвите ги загубија животите во своите автомобили додека се обидувале да избегаат од пожарот во регионот Педрогао Гранде, пренесува Би-би-си.Меѓу загинатите се и четири деца. Стотици пожарникари сè уште се борат со пожарот на неколку фронта, а од нив веќе се повредени четворица.
Премиерот Антонио Коста пожарот го нарече „најголема трагедија што сме виделе во Португалија во последниве години што се однесува до шумските пожари”. Тој верува дека пожарот бил предизвикан од удар на гром.
Градоначалникот на областа изјави дека ситуацијата е пеколна и незапаметена и дека не можело да се направи повеќе од тоа што е направено да се стави пожарот под контрола и да се спасат луѓето. Но, мештаните се жалат дека биле препуштени сами на себе и дека со часови не виделе пожарникари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

