Европа
Три региони на Шпанија на „црниот“ список на Германија

Германскиот институт за заразни болести „Роберт Кох“ стави три региони во Шпанија на списокот на дестинации со висок ризик во однос на заразеност со коронавирус.
На списокот се наоѓаат Каталонија, Арагон и Навара, пренесува „Ројтерс“.
Сезоната на годишни одмори ги поттикна стравувањата од втор бран на епидемијата по враќањето на туристите од дестинациите кои бележат пораст на нови случаи на Ковид-19, како што е Шпанија.
Германските власти објавија дека тестирањето за коронавирус на аеродромите ќе биде задолжително за сите патници кои се враќаат во земјата од подрачја со висок ризик.
Во Германија, од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај речиси 210.000 лица, додека над 9000 заболени починале како резултат на инфекцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна забрана за патување со цел да се намали бројот на новозаразени, пренесуваат германските медиуми.
„Работата ни излегува надвор од контрола. Мора да ги заостриме мерките или за 14 дена ќе бидеме повторно таму каде што бевме. Не можеме ли да го забраниме патувањето?“, рекла Меркел за време на видеоконференција со водечките политичари на ЦДУ во сојузните покраини, известува дневникот „Билд“ повикувајќи се на информации од учесниците на состанокот.
Меркел го посочила фактот дека за време на божикните празници 50.000 Германци дневно патувале на Канарските Острови и Малдивите.
„Треба да го разредеме воздушниот сообраќај, така што ќе не може да се оди никаде“, рекла Меркел според учесниците на состанокот, а истовремено ја споменала можноста за затворање на границите, како што беше случај минатата пролет.
На истиот состанок таа го довела во прашање ублажувањето на мерките за зклучување по 15 февруари. Како причина за сè уште тешката состојба, и покрај падот на бројот на новозаболени, Меркел го навела појавувањето на новиот мутиран коронавирус, кој се шири со многу побрзо темпо.
Доколку дојде до олеснување на мерките по средината на февруари, Меркел смета дека првин треба да се отворат градинките и училиштата, па малопродажбата и на крајот угостителските објекти.
Строги мерки на затворање се на сила во Германија до средината на февруари, вклучително и забрана за работа на речиси сите малопродажни, угостителски, културни и спортски објекти.
Европа
(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го приведат.
Полицијата во Франкфурт преку твит соопшти дека ниту една жртва на нападот не е во животна опасност.
Тие не објавија никакви детали за напаѓачот, ниту, пак, кажаа колку лица се повредени.
Локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил во близина на главната железничка станица во градот и дека жртвите биле пренесени во блиските болници, пренесува АП.
Европа
Шведска ги запре плаќањата кон „Фајзер“

Шведската здравствена агенција објави дека ги запрела плаќањата кон компанијата „Фајзер“ и бара појаснување за количините на дози на вакцина против Ковид-19 во едно шишенце, пишува весникот „Дагенс Нихетер“.
Шведска побара објаснување откако „Фајзер“ објави дека секое шише содржи шест дози, а не пет, како што е договорено.
Официјален Стокхолм сега сака Европската комисија и „Фајзер“ да постигнат договор за тоа колку дози вакцина содржи едно шишенце.
„Дотогаш, ја известивме компанијата дека треба да почекаме со плаќањата додека не добиеме појаснување за тоа на што се однесуваат“, рече главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел.
Од канцеларијата на „Фајзер“ во Шведска одбија да ги коментираат наводите на шведскиот весник за „Ројтерс“, но на „Дагенс нихетер“ му беше кажано дека се наплатуваат шест дози по шишенце.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот