Свет
Тројцата најбогати луѓе во светот нема да платат данок оваа година
По преселбата на Илон Маск во Тексас, сега сите тројца најбогати луѓе во светот живеат во американски држави каде што не наплаќаат данок на доход.
На 8 декември беше објавено дека Маск го напуштил својот дом во Калифорнија за да замине за Тексас, каде што се гради нова фабрика на „Тесла“.
Најбогатиот човек во светот Џеф Безос, чие богатство е со вредност од 183 милијарди долари, живее во државата Вашингтон. Креаторот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој е третиот на листата на милијардери на „Блумберг“, исто така живее во Вашингтон.
Тексас и Вашингтон се две од девет американски држави што не наплаќаат данок на доход. Другите седум се Алјаска, Невада, Њу Хемпшир, Јужна Дакота, Тенеси и Вајоминг.
Инаку, за Маск оваа година беше плодна. Неговото богатство е во пораст, како што растат акциите на „Тесла“. Пред два дена акциите на компанијата се зголемиле 6 проценти постигнувајќи ново највисоко ниво од 695 долари.
Во изминатите 12 месеци на својата нето-вредност додаде над 127 милијарди долари. Според „Форбс“, само неговата ракетна компанија „Спејс икс“ сега се проценува на 46 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го спореди киевскиот лидер, Володимир Зеленски, со познатиот американски шоумен од 19 век и основач на патувачкиот циркус, П. Т. Барнум.
Трамп напиша за ова на социјалната мрежа „Truth social“.
Американскиот лидер истакна дека Барнум има талент да „продаде сè, во секое време“, без оглед на квалитетот на производот.
„Поспаниот (поранешен претседател на САД – РТ) Џо Бајден го потроши целото свое време и парите на нашата земја давајќи сè на украинскиот Ф T Барнум (Зеленски!). Стотици милијарди долари. И додека подари толку многу висококвалитетно оружје (бесплатно!), не се потруди да го замени“, напиша Трамп.
Политичарот нагласи дека големите испораки на оружје во Киев ги исцрпија американските арсенали.
Претходно, францускиот политичар Флоријан Филипо го изрази своето мислење на својот Јутјуб канал дека Зеленски ризикува да ја изгуби поддршката на Трамп по писмото од унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Свет
(Видео) Започнаа погребите за ученичките убиени во училиште во Иран
Во Иран започнаа погребите за десетици ученички убиени во своите училници на првиот ден од американско-израелското бомбардирање против земјата. Најмалку 168 ученички беа убиени кога американско-израелските воздушни напади го погодија основното училиште за девојчиња „Шаџаре Тајиба“ во јужниот град Минаб во саботата наутро, соопштија ирански власти.
Според иранската државна телевизија ИРИБ, големи толпи ги исполнија улиците на центарот на Минаб утрово, собирајќи се пред сцена на главниот плоштад.
Толпата носеше слики од убиените девојчиња и извикуваше слогани. Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека мајката на едно од девојчињата го критикувала претседателот Трамп, нарекувајќи ги неговите постапки „луди“.
تشییع پیکرهای پاک و مطهر کودکان میناب که در بمباران #آمریکایی_اسرائیلی ترور شدند.
در تاریخ آمریکا هرگز این قتل عام دست جمعی کودکان ایرانی فراموش نخواهد شد. pic.twitter.com/epiPSqfYbn— Saghi (@BBSS_2009) March 3, 2026
Видеата објавени од иранските државни медиуми по нападот покажаа уништено училиште, остатоци од детски торби и книги и вознемирени родители. Спасувачите, заедно со локалните жители, ги пребаруваа урнатините по нападот во саботата.
Училиштето што беше погодено се наоѓа на околу 60 метри од иранска воена база.
Запрашан за нападот, портпаролот на Централната команда на САД претходно рече: „Свесни сме за извештаите и ги истражуваме“.
Свет
Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Индонезија
Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени ја погоди денес индонезиската покраина Ачех, соопшти индонезиската агенција за геофизика.
Агенцијата наведе дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри и нагласи дека нема опасност од цунами.

