Свет
Тројцата најбогати луѓе во светот нема да платат данок оваа година

По преселбата на Илон Маск во Тексас, сега сите тројца најбогати луѓе во светот живеат во американски држави каде што не наплаќаат данок на доход.
На 8 декември беше објавено дека Маск го напуштил својот дом во Калифорнија за да замине за Тексас, каде што се гради нова фабрика на „Тесла“.
Најбогатиот човек во светот Џеф Безос, чие богатство е со вредност од 183 милијарди долари, живее во државата Вашингтон. Креаторот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој е третиот на листата на милијардери на „Блумберг“, исто така живее во Вашингтон.
Тексас и Вашингтон се две од девет американски држави што не наплаќаат данок на доход. Другите седум се Алјаска, Невада, Њу Хемпшир, Јужна Дакота, Тенеси и Вајоминг.
Инаку, за Маск оваа година беше плодна. Неговото богатство е во пораст, како што растат акциите на „Тесла“. Пред два дена акциите на компанијата се зголемиле 6 проценти постигнувајќи ново највисоко ниво од 695 долари.
Во изминатите 12 месеци на својата нето-вредност додаде над 127 милијарди долари. Според „Форбс“, само неговата ракетна компанија „Спејс икс“ сега се проценува на 46 милијарди долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Лидерите на ЕУ в четврток ќе разговараат за вакцини за Западен Балкан

Набавката на вакцини за Западен Балкан ќе биде една од темите на состанокот на лидерите на членките на Европската унија (ЕУ), што ќе се одржи в четврток, објави Брисел.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, истакна дека лидерите на ЕУ треба да разговараат за соработката со трети земји во врска со вакцините.
„Ќе видиме како можеме да им помогнеме на нашите партнери во соседството и пошироко“, рече Мишел, пренесува Танјуг.
Во писмото со покана до лидерите на земјите-членки на ЕУ, во пресрет на видео-конференцијата закажана за четврток во 18 часот, Мишел наведува дека на состанокот ќе се разговара и за кампањата за вакцинација во рамките на Унијата.
„Забрзувањето на вакцинацијата низ ЕУ е наш апсолутен приоритет“, рече Мишел.
Покрај дискусијата за набавка и дистрибуција на вакцини низ ЕУ и во соседството, Мишел објави и разговори за сертификати за вакцинација.
„Ќе разговараме за соодветноста на заедничкиот пристап кон сертифицирање, како и, доколку е потребно, околностите под кои може да се користат ваквите сертификати“, рече Мишел.
Тој оцени дека моменталната состојба со заразата со Ковид-19 во Европа бара голема претпазливост.
Мишел повика, покрај почетокот на вакцинацијата, да се продолжи со обемно тестирање и следење на контактите, но и да се овозможи прекугранично движење во рамките на ЕУ.
Свет
Смртоносен конфлилкт во Мексико: Покрај патот пронајдени телата на 12 лица

Најмалку 12 лица се убиени во мексиканската држава Веракруз, а нивните тела се пронајдени покрај патот, соопштија локалните власти.
Се верува дека убиствата се резултат на конфликт кај сточарите.
Убиствата се случиле во руралниот град Лас Чоапас, близу границата со мексиканската држава Табаско.
Гувернерот на Веракруз, Квитлауак Гарсија, објави дека прелиминарната истрага сугерира дека станува збор за конфликт меѓу одгледувачи на добиток и нивните помошници од Лас Чоапаса и општина Успанапа.
Тој додаде дека меѓусебното малтретирање и закани довеле до пресметка меѓу двете групи, пренесе АП.
Оваа област е позната по активностите на криминалците.
Европа
Во Италија најголем пад на бројот на новозаразени од октомври

Во последните 24 часа во Италија, 377 лица починаа од Ковид-19, а регистрирани се речиси 9.000 новозаразени со коронавирус.
Координаторот на владиниот научно-технички комитет, Агостино Миоко, тврди дека епидемиолошката состојба во Италија е под контрола, а карантинот што беше на сила во земјата за време на изминатите празници беше добар потег.
„Толку мал број новозаразени, 24 проценти помалку за една недела во споредба со претходната, не е забележан од октомври. Сепак, треба да се нагласи дека имунитетот на општеството ќе се воспостави само со масовна вакцинација“, рече Миоко.
Во моментот, вкупниот број на заразени лица во Италија е 547 илјади, од кои 20 илјади се во болница, а останатите се во домашна изолација.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира