Контакт

Свет

Тројца тајландски заложници ослободени од Газа: „Здрави се. Не им треба итна медицинска помош“

Објавено пред

Ослободени се тројца тајландски заложници, кои беа држени од милитантите на Хамас. Тројцата се во добра здравствена состојба, објави денеска тајландскиот премиер Срета Тависин на платформата „Икс“.

dobivaj vesti na viber

„Среќен сум“, рече Срета истакнувајќи дека тројцата се здрави и нема потреба од итна медицинска помош.

Досега 17 тајландски заложници се ослободени откога беа киднапирани за време на нападите на Хамас врз Израел на почетокот на октомври и ќе бидат вратени на Тајланд што е можно побргу, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Што се однесува до преостанатите 15 тајландски заложници, тајландската влада продолжува да прави максимални напори за нивно безбедно ослободување што е можно побргу, се вели во соопштението.

Свет

Италија го потврди состанокот на Г7

Објавено пред

Италија, која претседава со Г7 потврди дека ќе одржи состанок на групата попладнево.

dobivaj vesti na viber

Преку веб-страницата на италијанското претседателство соопшти дека состанокот од далечина ќе се одржи рано попладнево за „да се разговара за нападот на Иран против Израел“.

САД, Обединетото Кралство, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија ги сочинуваат членовите на Групата седум главни економии, формирана во 1973 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски го спореди Иран со Русија

Објавено пред

Активностите на Иран, како и руските, се закануваат да предизвикаат поголем конфликт, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Тој повика на напори за спречување на понатамошна ескалација на Блискиот Исток.

„Активностите на Иран го загрозуваат целиот регион и светот, исто како што акциите на Русија се закануваат со поголем конфликт. Очигледната соработка меѓу двата режима во ширењето терор мора да се соочи со решителен и обединет одговор од светот“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел ќе одговори на нападот на Иран

Објавено пред

Израел ќе одговори на нападот на Иран, но носителите на одлуки не дошле до заклучок за видот на одговорот, изјави израелски претставник за Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber

Официјалниот претставник рече дека Израел не одлучил дали да ги „скрши сите садови“ или да преземе поодмерена акција.

Воениот кабинет на Израел се очекува да разговара за опциите денеска, рече официјалниот претставник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Османи: Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани од Израел и регионот по нападот на Иран

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет3 часа

(Видео) Детално откриваме како функционира „железната купола“ на Израел која ги собори повеќето ракети како шега – никој во светот го нема ова

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет5 часа

Операција „Чесно ветување“: Иран ѝ се заканува на Америка, Израел наскоро ќе носи одлука – се очекува тешка одмазда

Иранскиот напад врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без сериозни последици откако огромното мнозинство...

Свет5 часа

(Видео) Анализа: Иран ја нарекуваат „држава-тврдина“, колку е моќна земјата што го нападна Израел?

Иранските пипала може да се видат во разгорувањето на огнот на Блискиот исток и многу конфликти. Преку своите посредници: палестинскиот...

Свет7 часа

(Видео) Иранците прославија по нападот врз Израел

Нападот со беспилотни летала и ракети врз Израел беше прославен синоќа на улиците во Иран, и покрај тоа што еврејската...

Свет7 часа

Израел ќе носи одлука дали и како ќе одговори на нападот од Иран

Израел се уште нема донесено одлука во врска со својот одговор на вчерашниот напад на иранскиот дрон и ракетен напад...

Свет7 часа

(Видео) Снимен удар на балистичка ракета во Израел

Познатиот ирански новинар Бабак Тагве, кој живее во егзил, на својот Твитер профил објави видео на кое наводно се гледа...

Свет7 часа

Јордан и Ирак повторно го отвораат воздушниот простор

Јордан и Ирак повторно го отворија својот воздушен простор, откако го затворија синоќа. Државната телевизија во Јордан соопшти дека земјата...

Свет7 часа

Иран предупреди дека неговиот одговор ќе биде „посилен и порешителен“ доколку Израел возврати по нападот

Иран предупреди дека ќе одговори со поголема сила доколку Израел возврати со напади овој викенд, за кои Техеран рече дека...

Свет8 часа

(Видео) Иран истрела стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, тешко повредено 7-годишно девојче

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека противвоздушната одбрана пресретнала 99 отсто од околу 300 проектили што...

Свет9 часа

Скапа грешка во системот: студенти подигнале 40 милиони долари од банкомат и не сакаат да ги вратат парите

Комерцијалната банка на Етиопија (CBE), најголемата во земјата, се обидува да врати огромна сума на пари повлечени од клиентите по...

Свет10 часа

Во овој европски град на децата им е забрането да користат телефони, познати се резултатите по една година

Речиси целата заедница од 22.000 луѓе во Грејстоунс и соседното село Делгани, во Ирска, одлучи да им ги ускрати телефоните...

Свет11 часа

Мистериозен објект пронајден на брегот на Атлантикот: поврзан со тајна програма за Студената војна

Мистериозниот предмет беше пронајден на брегот на полуостровот Кејп Код (Масачусетс). Не само што наликува на трупот на мал авион...

Свет12 часа

(Видео) Маж сакаше да се самоубие скокајќи од мост, а полицијата наместо него, зграпчи погрешен човек

На интернет кружи видео снимено во мексиканскиот град Соледад де Грацијано Санчез, каде неименуван маж одлучил да се самоубие скокајќи...

Свет13 часа

Се обидела да го отруе сопругот со избелувач, а сега на суд го признала делото: познато е колкава казна ја чека

Жена од Аризона обвинета дека се обидела да го отруе својот сопруг во понеделникот пред судот ја признала вината, а...

Македонија16 часа

Управен пресуди во корист на Академијата за судии и јавни обвинители

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 13.04.2024 година во 22.00 часот, судечкиот совет по предметот оформен по тужба...

Свет16 часа

Започна пресретнувањето на иранските беспилотни летала над Сирија и Јордан

Почна пресретнувањето на иранските беспилотни летала, јавуваат израелските медиуми. Откако Иран испука десетици беспилотни летала камикази кон Израел, нивното пресретнување...

Свет17 часа

Анализа: сите детали за смртоносните беспилотни летала што Иран ги лансираше врз Израел, имаат домет од дури 2.500 километри

Иран го започна својот напад врз Израел кога лансираше десетици беспилотни летала камикази. Станува збор за беспилотни летала „Шахед-136“. Иранската...

Свет17 часа

САД очекуваат Иран да лансира повеќе од 100 беспилотни летала и десетици ракети

Сега кога Иран ја започна својата одмазда против Израел, САД се подготвуваат за тоа да биде „голем напад“, рекоа двајца...

Свет17 часа

Јордан прогласи вонредна состојба

Јордан прогласи вонредна состојба откако Иран лансираше десетици беспилотни летала и проектили врз Израел. Претходно Јордан објави дека го затвора...