Свет
Тунискиот парламент не сака Франција да се извини за колонијалното минато

Исламистичкото барање Франција да се извини и да плати компензација за нејзиното колонијално присуство во Тунис беше одбиено вчера во тунискиот парламент по жестоката дебата со која се потврди дека оваа северноафриканската земја се обидува да ја прифати иднината наместо постојано да го ревидира минатото, пренесува „Асошиетед прес“.
Противниците на иницијативата победија во аргументирањето тврдејќи дека ваквиот потег ќе предизвика економска непогода, со оглед на тоа што Франција е најголем трговски партнер на Тунис и примарен странски инвеститор, и истакнувајќи дека предложениот закон нема да ја смени историјата. Франција е исто така дом на еден милион Тунижани.
Поддржувачите на иницијативата рекоа дека е неопходно извинување за да се сврти страницата во овој мрачен период во односот на двете земји и да им се даде еднаква позиција.
Франција го окупира Тунис како протекторат 75 години, од 1881 до 1956 година. Француските војници ја напуштија територијата со мнозинско муслиманско население во 1963 година.
Иницијативата за барање официјално и јавно извинување од Франција за злосторствата, атентатите, тортурата, силувањата, присилното депортирање и грабежите на природните ресурси ја поднесе исламистичката националистичка партија Коалиција Ал-Карама, која има само 19 пратеници во собранието од вкупно 217 пратенички места.
Иницијативата беше одбиена по 14-часовна расправа, при што 77 пратеници гласале против, 46 биле воздржани и пет биле „за“. За да биде усвоена, на иницијативата ѝ беше потребно апсолутно мнозинство од 109 гласа. Отфрлениот предлог-закон исто така предвидуваше барање за компензација на Тунис и на сите оние што претрпеа болка во колонизацијата.
„Нас нè не водат горчината или омразата, но таквото извинување ќе ги залечи раните од минатото“, тврди претседателот на Ал-Карама, Сеифедин Маклуф.
Тој го искористи примерот на Германија, која ѝ се извини на Франција по нацистичката окупација, истакнувајќи дека двете земји сега се сојузници и водечки партнери во Европа. Негодувањето следуваше кога го нападна првиот претседател на Тунис, Хабиб Бургуиба, нарекувајќи го слуга на Франција.
Тунис во последните години се обидува повторно да се вклучи во Европа и да се придвижи кон модернизација на своето општество и култура. Оваа демократска транзиција му даде на Тунис нов устав, го отвори патот за слободни избори и засилување на еднаквоста меѓу половите. Во исто време Тунис се бореше со смртоносни исламски терористички напади.
Минатата година Тунис стана првата арапска нација што во своите училишта воведе сексуално образование. Министерството за образование на Тунис им се приклучи на агенцијата на ОН, Туниското здружение за сексуално и репродуктивно здравје и на Арапскиот институт за човекови права за создавање наставна програма за сексуално образование, што ќе се спроведува уште во градинките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна шумска област во близина на општината Иерапетра.
Пожарот го поттикнуваат ветрови со сила на ураган што достигнуваат до ниво осум степени според Бофортовата скала, што предизвикува брзо ширење кон југ и закана за станбени згради, туристички сместувачки капацитети и клучна инфраструктура, вклучително и бензинска пумпа.

EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Според службите за итни случаи, пожарот во моментов се шири на најмалку 6 километри, што го отежнува неговото локализирање. Густ чад зафатил поширока област, а видливоста на некои места е намалена на речиси нула.
Чадот се проширил дури до плажата Макри Гиалос, каде што пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

A wildfire at Ierapetra, on Crete island, Greece, 02 July 2025. A large wildfire erupted in the afternoon in an agro-forested area in eastern Crete, at the Ahlia site in Lasithi prefecture, with authorities later issuing an alert to local residents to evacuate towards Ierapetra. A total of 155 firefighters were dispatched to the scene, operating 38 vehicles, while two water-dropping aircraft assisted. EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Главниот пат во близина на населбата Агиа Фотија беше затворен за сообраќај, а полицијата ги повика жителите и туристите да избегнуваат секакви непотребни патувања поради исклучително лошиот квалитет на воздухот, екстремната топлина и пепелта што паѓа од небото.
Локалните извори наведуваат дека областа Агиа Фотија останала без електрична енергија. Најмалку четири постари лица беа однесени во болница со проблеми со дишењето предизвикани од вдишување чад.

EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Здравствените власти ги ставија сите болници на Крит во состојба на готовност. Властите наредија масовна евакуација на хотели, приватни сместувања и домови во општина Ферма, бидејќи пожарот се приближува кон областа. Операцијата се спроведува со поддршка на пожарникари, полиција и локални волонтери.
Досега, околу 1.500 луѓе се евакуирани од околните села и туристички области и однесени во Иерапетра. Околу 200 од нив се привремено сместени во градската спортска сала.

EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Противпожарните сили се значително засилени. До среда вечерта, на местото на настанот беа 155 пожарникари, осум специјализирани пешадиски екипи и 38 противпожарни возила.
До зајдисонце, четири хеликоптери фрлаа вода врз пожарот. Локалните општински власти, исто така, распоредија цистерни за вода и тешка механизација.

EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Дополнителни сили се на пат – уште 17 пожарникари, една пешадиска екипа и пет возила доаѓаат од Пиреја, а уште 33 пожарникари и четири дополнителни екипи на EMODE од Елефсина.
Пожарот, кој избувна помеѓу Агија Фотија и селото Скинокапсала, се шири низ густа, запалива вегетација. Сувите услови, стрмниот терен и силните ветрови го отежнуваат гаснењето.

EPA/NIKOS CHALKIADAKIS
Порано оваа недела, повеќе од 50.000 луѓе во Турција беа евакуирани поради пожар во Измир, а најмалку шест лица загинаа како резултат на топлотниот бран што ја погодува Европа – вклучително и Шпанија, Италија и Франција.
Европа
Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев ќе бидат запрени, додека Вашингтон се обиде да го намали значењето на паузата.
Тоа е сериозен удар за Украина во време кога Русија ги засилува нападите во отсуство на дипломатски напредок за решавање на конфликтот. Американскиот претседател Доналд Трамп му се обраќа на рускиот претседател Владимир Путин од јануари, обидувајќи се да изврши притисок врз него да ги запре борбите, но без да постигне конкретен напредок.
Вчера, сосема неочекувано, неговата администрација објави дека престанала да испорачува одредени видови оружје во Киев, официјално поради загриженост за намалувањето на залихите на муниција во САД, од каде што доаѓа најголемиот дел од воената помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Американските претставници вчера се обидоа да го минимизираат влијанието на потегот, без да дадат детали. „Министерството за одбрана продолжува да му презентира опции на претседателот во врска со воената помош за Украина, во согласност со целта за завршување на оваа трагична војна“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, за новинарите.
Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на брифингот изјави дека „ова не е суспензија на американската помош за Украина или испораката на оружје“, туку „изолиран инцидент“.
Оружјето, муницијата и опремата од Соединетите Американски Држави, како и разузнавачките информации, им овозможија на украинските сили да ги сопрат руските трупи, кои окупираа речиси 20 проценти од украинската територија. Украина останува зависна од американските испораки на оружје, изјави за АФП висок украински воен функционер.
„Европа прави сѐ што може, но ќе ни биде тешко без американска муниција“, додаде тој. Синоќа, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Вашингтон и Киев се обидуваат да ги „разјаснат сите детали“ во врска со воената помош што Соединетите Американски Држави сè уште ја обезбедуваат. „Продолжената американска помош за нашата одбрана и нашиот народ е во наш заеднички интерес“, рече тој.
Европа
(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2 јули, објавија и руски и украински Телеграм канал.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледаат моќни експлозии во близина на магацинот за кој се тврди дека се наоѓа источно од рускиот окупиран град Донецк.
Украинската војска не го коментираше нападот, а во моментов нема информации за обемот на штетата.
💥Just now: strike reported on the Russian ammunition depot on Khartsyz'k. pic.twitter.com/o33onaTPWF
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 2, 2025
Украинската војска редовно напаѓа воени цели на територијата окупирана од Русија, како и длабоко во Русија, во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна против Украина.
Вечерта на 30 јуни, Украина слично започна напад врз командниот пункт на 8-та комбинирана армија на руските вооружени сили во рускиот окупиран дел од Донецката област. Според неофицијални информации, нападот бил извршен од британски крстосувачки ракети со долг дострел од типот Storm Shadow.
Russian ammunition depot in Khartsyzk https://t.co/VkenrZaEV1 pic.twitter.com/ktxSlOzcCd
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 2, 2025
Со месеци, Русија ја фокусираше својата офанзива врз градот Покровск во Донецката област, кој е под постојан напад, а во последно време сè повеќе се обидува да ги пробие украинските линии кон соседната Дњепропетровска област – регион кој досега не беше погоден од борбите.