Европа
Турција го започна мега-проектот за изградба на Истанбулскиот канал
Во Истанбул денеска свечено беше поставен камен-темелник за изградба на мостот Сазлидере, првиот мост oд мега-проектот за изградба на Истанбулскиот канал, кој, паралелно со Босфорот, ќе ги поврзува Мраморното и Црното Море.
„Денес вртиме нова страница во историјата на развојот на Турција. Ние го гледаме Истанбулскиот канал како проект за спас на иднината на Истанбул“, рече турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган на церемонијата.
Потсетувајќи дека во 30-тите години на минатиот век, просечно 3.000 бродови пловеле по Босфорот на годишно ниво, Ердоган рече дека сега тој број се зголемил на 45.000 и дека се проценува дека ќе се зголеми на 78.000 до 2050 година, пренесува агенцијата „Анадолија“ .
„Навигацијата на секој голем брод низ Босфорот претставува сериозен ризик за градот. Босфорот од сите страни е точка на голема фреквентност на бродови од сите категории“, рече Ердоган.

Турскиот претседател нагласи дека мега-проектот за изградба на Истанбулскиот канал е, меѓу другото, неопходен за зачувување на историското и културното ткиво на Босфорот.
„Сегашната траса на Истанбулскиот канал беше избрана врз основа на научни анализи како најразумна и најефикасна меѓу петте понудени“, рече Ердоган и додаде дека каналот ќе биде долг 45 километри, широк најмалку 275 метри и длабок 21 метар.
Претседателот посочи дека сите истражувања покажуваат оти бродскиот сообраќај во Истанбулскиот канал ќе биде 13 пати побезбеден отколку во Босфорот.
„Нашата цел е да го завршиме Истанбулскиот канал за шест години и по цена од близу 15 милијарди долари“, рече Ердоган.
Тој исто така додаде дека мега-проектот за изградба на Истанбулскиот канал ќе се реализира на начин што ќе биде еден од најеколошките проекти, не само во Турција, туку и во целиот свет.
Долж каналот, кој ќе се протега по европскиот дел на Истанбул ќе бидат изградени шест моста, а на неговите брегови ќе бидат изградени два града со население од половина милион луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“.
Видеото го прикажува моментот на нападот.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

