Контакт

Европа

Турција го осуди нападот во Ница

Објавено пред

Турција остро го осуди нападот што се случи денеска во црквата „Нотр Дам“ во францускиот град Ница.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека Турција чувствува солидарност со францускиот народ против насилството и тероризмот, пренесува „Ројтерс“.

Во Франција три лица загинаа во терористички напад во Ница денес, од кои едното беше обезглавено, а во посебен инцидент полицијата уби вооружен напаѓач, кој им се заканувал на минувачите во Авињон.

Европа

Полски министер: Сакаме ЕУ сериозно да го сфати нашето вето

Објавено пред

Полска сака ЕУ сериозно да го сфати ветото на Варшава и Будимпешта и да продолжи да бара компромисно решение, рече министерот за надворешни работи Збигњев Рау.

Рау рече дека Полска има конкретни сомневања во врска со оваа специфична ситуација и дека бара сериозно да се сфати нејзиното вето, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на полската државна новинска агенција ПАП.

Очекуваме одговор на нашето вето и понатамошно барање компромис, истакна полскиот министер.

Тој рече дека предлогот на Урсула фон дер Лаен, претседателка на Европската комисија, Полска и Унгарија да побараат објаснување од Европскиот врховен суд за поврзаноста на владеењето на правото и исплатата на средствата, не одговори на нивните сомнежи.

Унгарија и Полска вчера објавија дека ЕУ не може да го поврзува почитувањето на владеењето на правото со исплатата на средствата освен ако не го измени својот договор за основање.

Земјите ставија вето на буџетот на ЕУ и планот за обновување од пандемијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Вакцината е светло на крајот од тунелот

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да останат трпеливи поради ограничувањата што се во сила со цел да се забави ширењето на коронавирусот, проценувајќи дека „светлото на крајот од тунелот“ ќе пристигне заедно со вакцините.

Во говорот во германскиот парламент, Бундестагот, еден ден по договорот со шефовите на владите на федералните провинции за продолжување на ограничувањата барем до 20 декември, Меркел рече дека е потребно да се осигура дека болниците не се преоптоварени.

„Борбата против пандемијата не е во врска со здравјето или економијата, здравството или образованието, здравството или културата, здравството или социјалните контакти, туку за сите овие работи заедно“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Италија во последните 24 часа од коронавирус починале 822 пациенти

Објавено пред

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починаа 822 лица, објави италијанското Министерство за здравство.

Бројот на починати во последните 24 часа е поголем од претходниот ден, кога беа регистрирани 722 смртни случаи.

Во соопштението се наведува дека се потврдени 29.003 нови случаи, а вчера тој број беше 25.853.

Направени се 232.711 тестови, повеќе од вчера, кога биле направени 230.007 тестови.

Во Италија, од почетокот на пандемијата починале 52.850 лица, а заболеле 1.510.000.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет56 минути

Истражување: Тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба,...

Свет1 час

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирус...

Свет1 час

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против коронавирус. Тој во видео објава преку социјалните мрежи вели...

Спорт2 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет2 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577 000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19 се потврдени за еден ден ширум светот, објави Светската здравствена организација (СЗО),...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа, доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет2 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија14 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија15 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија16 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа16 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион18 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија18 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија20 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија21 час

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија21 час

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија23 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ1 ден

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија1 ден

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија1 ден

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Досие