Регион
Турција за Русија: Не воведуваме санкции и нема да им се придружиме

Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Ердоган, во интервју за телевизија „Хабертурк“ изјави дека Турција нема да се приклучи на западните санкции против Русија, кои беа воведени поради украинската криза.
„Не воведуваме санкции и нема да им се придружиме. Мора да ги гледаме нашите интереси. Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија“, изјави Калин.
Тој нагласи дека економските односи на Турција со Русија се такви што санкциите ќе ѝ нанесат поголема штета на турската економија отколку на руската.
„Имаме јасен став за прашањето за санкциите. Западот не го прифати тоа“, рече Калин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Босна и Херцеговина го забрани увозот на два тона мандарини од Хрватска

Властите на Босна и Херцеговина го забранија увозот на два тона мандарини од Република Хрватска бидејќи проверките на овошните примероци на границата покажаа присуство на пестициди, чија употреба е забранета во ЕУ од 2020 година.
Санитарната инспекција на Федерацијата Босна и Херцеговина зела мостри од пратка мандарини на граничниот премин Бијача, чија лабораториска анализа открила нелегална количина на пестицидот хлорпирифос, соопшти инспекциската служба.
Присуството на тој пестицид е спротивно на локалната регулатива за максималните нивоа на остатоци од пестициди во и на храната и добиточната храна од растително и животинско потекло.
Поради ова, инспекторите на Сојузната управа за инспекциски работи забраниле увоз на пратката со вкупна тежина од два тона, при што било наредено да се уништи. На почетокот на ноември надлежните од оваа институција добија наредба за зголемен надзор на увезените агруми по препорака на Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина.
Претходно овој месец, употребата на овој пестицид беше откриена во друга пратка со овошје од Хрватска. Употребата на пестицидите хлорпирифос и хлорпирифос-метил во земјите членки на ЕУ, како и во Босна и Херцеговина, е забранета од пролетта 2020 година.
Регион
Вучиќ: Благодарни сме на Казахстан на непризнавањето независност на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград се сретна со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртле, при што му се заблагодари на казахстанското раководство што не ја признало еднострано прогласената независност на Косово.
„Односите меѓу Србија и Казахстан се пријателски, а ние сме особено благодарни на претседателот Токаев и на Државниот совет на Казахстан за нивните принципиелни позиции за непризнавање на еднострано прогласената независност на Косово“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.
Тој додаде дека со Нуртлe разменил мислења за најважните билатерални прашања и глобалните случувања.
Регион
Дачиќ: Состанокот на ОБСЕ во Скопје ќе биде многу тежок

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека министерскиот состанок на земјите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе биде значаен, но тежок.
„Исто така, намерата на западните земји беше да го поканат рускиот министер Сергеј Лавров да се обиде да постигне компромис во однос на буџетот и начинот на функционирање на целата организација“, изјави тој за новинарите по средбата со својот колега од Казахстан, Мурат Нуртлеу.
Тој додаде дека оваа организација е под закана, а е создадена за време на Студената војна за да биде платформа за надминување и спречување конфликти.
Дачиќ рече и дека функционирањето на ОБСЕ не е лесно имајќи предвид дека консензусот е начин на одлучување, како и сериозноста на проблемите со кои се соочува меѓународната заедница, поради војната во Украина и на Блискиот Исток.
„Таа средба во Скопје, веројатно, ќе биде многу тешка“, рече тој.