Свет
Турција ќе му го земе државјанството на Ѓулен

Анкара – Турските власти објавија дека проповедникот кој живее во САД, Фетулах Ѓулен, и кој е обвинет дека за неуспешниот државен удар во Турција во јули минатата година, може да го изгуби турско државјанство ако не се врати во Турција во рок од три месеци.
Одлуката беше објавена во службен весник на Турција во рамките на листата на Министерството за внатрешни работи од 130 лица на кои им се заканува губење на државјанство ако не се вратат во Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан.
Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а таа ќе стапи на сила на полноќ.
Во видеото што го објави на Фејсбук неколку часа откако парламентот го усвои амандманот на уставот во кој се наведуваат конфликти, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја како причини за преземање таква мерка, Орбан рече дека војната во Украина претставува закана за Унгарија. физичка сигурност на своите граѓани, енергетски залихи и финансиска сигурност на семејствата и стопанството, јавува МТИ.
Тој нагласи дека Владата која денеска положи заклетва веднаш почна со работа и посочи дека се уште никој не го гледа крајот на војната во Украина.
„ Светот е на работ на економска криза. Унгарија мора да се држи настрана од оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на семејствата“, рече Орбан.
Тој додаде дека за да се направи тоа, Владата мора да биде способна да носи одлуки и брзо да реагира.
„ Вонредната состојба, слична на онаа воведена за време на пандемијата, ќе и овозможи на владата брзо да реагира и да ги искористи сите достапни методи за заштита на Унгарија и Унгарците“, рече Орбан.
Унгарскиот парламент претходно денеска го усвои 10-тиот амандман на Уставот, со кој се дозволува владата да прогласи вонредна состојба во случај на вооружен конфликт, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја.
За амандманот гласаа 136 пратеници, а против беа 36.
Свет
Соборен руски авион во Украина, загина висок генерал

Пензионираниот генерал на руските воздухопловни сили Канамат Боташев загина откако неговиот авион беше соборен во воздушниот простор на Украина, пишува Би-Би-Си Русија.
Тој, наводно, е највисоко рангираниот руски пилот кој загинал во Украина.
Сето тоа наводно се случило во неделата на 22 мај.
⚡️BBC Russia: Retired Russian general killed in Ukraine’s airspace.
Major General Kanamat Botashev has been shot down while flying over Luhansk Oblast, BBC Russia reported. Botashev is reportedly the highest-ranking Russian pilot killed in Ukraine.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 24, 2022
Генералштабот на Украина соопшти дека рускиот напаѓачки авион Сухој бил соборен над Луганската област и дека пилотот не успеал да се катапултира од авионот.
Свет
Фон дер Лајен: Не може да биде во интерес на Русија да умираат луѓе од глад во светот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен испрати покана до Москва за разговори, со цел да се овозможи извоз на украинска пченица која стои во пристаништата како резултат на руската поморска блокада.
„ Најважно е да се деблокира Црното Море. Ова е покана за Русија“, рече фон дер Лајен во интервју за „Ројтерс“ на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Таа оцени дека кризата со храна се приближува со полна брзина и дека е потребен некаков дијалог со Москва за да се „отклучат“ 20 милиони тони пченица блокирани во Украина.
„ Не може да биде во интерес на Русија луѓето да умираат од глад во светот поради Русија“, рече фон дер Лајен, додавајќи дека треба да се најде решение за да се создаде коридор за транспорт на храна.
Русија и Украина заедно учествуваат со речиси една третина во светската понуда на пченица, а Украина е и голем извозник на пченка, јачмен, сончоглед и масло од репка.
Фон дер Лајен оцени дека Европската унија треба да го зајакне сопственото земјоделско производство преку обезбедување бенефиции за земјоделците за други култури или да го зголеми производството на пченица.