Контакт

Европа

Туск: ЕУ и Велика Британија се пријатели засекогаш

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека Европската Унија и Велика Британија засекогаш ќе останат пријатели, независно од процесот на ратификација на договорот за брегзит и понатамошните преговори меѓу двете страни.

,,Пред нас е тежок процес на ратификација на договорот за брегзит, како и понатамошни преговори за идните односи. Но, без оглед како тоа ќе се заврши, една работа е сигурна – ќе останеме пријатели се додека постои светот, и едне ден подолго од тоа”, наведе Туск на Твитер.

Лидерите на 27 земји на ЕУ го усвоија предлог договорот за брегзит, по 17 месеци од преговорите меѓу Лондон и Брисел. Предлог-договорот на 14 ноември го усвои владата на Велика Британија и за него сега треба да се изјаснат британскиот и Европскиот парламент.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Објавено пред

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата на Советот на министри.

Според декретот на белоруската Влада објавен денеска, забраната за увоз се однесува на одредени стоки од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Велика Британија, Црна Гора, Северна Македонија и Швајцарија, пренесе агенцијата ТАСС.

„Имајќи ги предвид континуираните обиди на колективниот Запад за незаконски санкционен притисок врз нашата земја, Белорусија презеде соодветни мерки. Според одлуката донесена од Владата, ембаргото за храна ќе биде воведено од 1 јануари 2022 година во однос на широка листа на стоки произведени во земји кои спроведуваат дискриминаторска политика и вршат непријателски дејствија против нашата земја“, се наведува во соопштението.

Белорусија од овие земји увезла храна во износ од над 530 милиони долари во рок од десет месеци годинава, соопшти белорускиот Совет на министри.

Листата вклучува прехрамбени производи особено свинско месо, говедско месо, сушено или чадено месо, колбаси, зеленчук, овошје, јаткасти плодови, кондиторски производи, сол итн.

Прикажи повеќе...

Европа

Речиси 70 медицински работници во Шпанија се заразиле со Ковид-19 на заедничка прослава

Објавено пред

Речиси 70 медицински работници кои присуствувале на голема божикна прослава во јужна Шпанија се заразиле со коронавирус, соопштија денеска тамошните власти.

Според Би-би-си, повеќето од 68-те заразени се лекари и медицински сестри кои работат на одделот за интензивна нега во регионалната болница во Малага.

Здравствените власти соопштија дека сите биле на забава минатата среда на која присуствувале околу 170 луѓе.

Во соопштението се додава дека заразените медицински лица се целосно вакцинирани и дека немаат никакви симптоми на вирусот.

Во локалните извештаи се наведува дека лекари и медицински сестри од други одделенија на регионалната болница во Малага се прераспределени за да ги заменат своите колеги.

Епидемијата ја зголеми загриженоста за ризикот од ширење на Ковид-19 на групните настани за време на Божик, а здравствените власти во Андалузија го советуваа медицинскиот персонал да не присуствува на божикните забави, јавува Би-би-си.

Како и многу европски земји, Шпанија бележи зголемување на инфекциите со коронавирус во последните недели, што предизвика страв од четврти бран како што се приближуваат постудените зимски месеци.

Прикажи повеќе...

Европа

По двочасовен разговор заврши видео состанокот меѓу Путин и Бајден

Објавено пред

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден вечерва по нешто повеќе од два часа го завршија меѓусебниот разговор кој се одржа во формат на видеоконференција.

Разговорот започнал околу 18.08 часот по московско време, а завршил во 20.10 часот, пренесува агенцијата „Тасс“.

На почетокот на видео-средбата Путин и Бајден се поздравиле, а американскиот претседател изразил надеж дека наскоро ќе имаат лична средба.

Разговорот потоа беше затворен за јавноста. Видео-конференцијата беше организирана преку безбедна видео-врска наменета за разговори меѓу светските лидери, која за прв пат беше искористена денеска.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека линијата за комуникација која ја користеа двајцата претседатели била воспоставена за време на претходните американски администрации, кога, како што рече, сè уште имало нешто креативно во руско-американските односи.

Во пресрет на разговорите со Путин, претседателот на САД наводно разговарал со европските сојузници со цел да се разменат мислења за рускoто трупање на војници во близина на украинската граница, а тема на разговорот биле и потенцијални економски санкции против Москва.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Македонија4 часа

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа5 часа

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Економија8 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија9 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија10 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија10 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа10 часа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија11 час

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет11 час

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет12 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет13 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет13 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ1 ден

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион1 ден

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет1 ден

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион1 ден

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија1 ден

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет1 ден

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија1 ден

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Досие