Свет
Туск за можната посета на Орбан на Москва: Виктор, шпекулациите не може да бидат точни или може
Полскиот премиер Доналд Туск го изрази своето изненадување во објава на социјалната мрежа Х по информацијата дека унгарскиот премиер Виктор Орбан би можел да ја посети Москва само неколку дена по неговото патување во Киев.
„Шпекулациите за вашата посета на Москва не може да бидат точни, Виктор, или може? напиша Туск означувајќи го официјалниот профил на унгарскиот премиер во објавата. Информацијата за патувањето на Орбан во Русија ја објавил унгарскиот новинар Шаболч Пањи, а ја потврдиле и извори на Радио Слободна Европа.
Унгарската влада сè уште не се изјаснила за да ја потврди или негира посетата. Официјален претставник на Европската Унија, кој сакал да остане анонимен, изјавил за Радио Слободна Европа дека Орбан не го информирал Брисел за неговото заминување во Москва.
„Да прашаше Орбан, Шарл Мишел силно ќе го советуваше да не ја оствари посетата“, кажал функционерот.
Во вторникот Орбан беше во Киев, каде што им предложи на Украинците да се согласат на прекин на огнот. Претседателот Володимир Зеленски ја отфрли споменатата идеја.
Во понеделникот Унгарија го презеде своето шестмесечно претседавање со Советот на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

