Свет
Уапсен вујкото на осумгодишното девојче по кое 15 дена трага цела Турција
Цела Турција чека вести за Нарин Гуран (8), која исчезна на 21 август во квартот Баглар во Дијарбакир, а сега во рамките на најновата истрага е уапсен и вујкото на девојчето.
Претходно во полиција беше приведен 18-годишниот брат на Нарин Е. Г. кој извесно време беше во притвор, но сега е на слобода.
По 15 дена потрага, истражителите не се откажуваат од идејата дека ќе ја најдат Нарин.
Министерот за правда, Илмаз Тунч, рече дека е пронајдена планина докази, но дека малку од нив се релевантни во истрагата. Единствениот доказ што се користи во оваа фаза од истрагата е примерокот на крв од мајката и таткото на Нарин, што се совпаѓа со примерокот од крвта во автомобилот на вујкото.
„Врз основа на земени примероци од крв е приведен, а што се случило, ќе покаже понатамошната истрага“, рече министерот.
Медиумите потсетуваат дека братот е уапсен бидејќи на раката му биле пронајдени видливи траги од каснување, но истражителите на судска медицина утврдиле дека „невозможно е да ѝ припаѓаат на Нарин бидејќи таму би биле 9 дена, а овие биле понови“.
„Местото на кое човек би си ја гризнал раката се разликува од местото на кое некој би гризнал некого додека се брани“, велат тие.
Во текот на овие 15 дена беа претресени голем број околни места и пасишта, како и поле со пченка, каде што беше пронајдена облека за која постои сомневање дека е на Нарин.
Ткивото е испратено на преглед во Институтот за судска медицина во Дијарбекир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.