Свет
Убиен рускиот крал на колбасите
Рускиот бизнисмен Владимир Маругов, познат како крал на колбасите, денеска, во неговата куќа, во близина на Москва, го убиле непознати напаѓачи.
Според информациите, тие сакале да изнудат пари од него.
Напаѓачите провалиле во куќата на рускиот тајкун и го убиле со самострел, а неговата сопруга успеала да побегне и да повика полиција.
Неколку напаѓачи провалиле во сауната во куќата и ги заробиле бизнисменот и неговата сопруга барајќи пари од нив.
Маругов веќе бил мртов кога пристигнала полицијата.
Иако името на убиениот бизнисмен не е објавено во официјално соопштение, руските медиуми објавија дека е во прашање Владимир Маругов, сопственик на компаниите „Озорски колбаси“ и „Царство на месото“, кои се занимаваат со производство на колбаси.
Истражителите го пронајдоа самострелот со кој беше убиен Маругов, како и автомобилот на напаѓачот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

