Европа
Ужас во Франција: мажот што ја дрогирал сопругата за да биде силувана од 50 мажи итно пренесен во болница, денеска требаше да сведочи пред децата
Судењето на маж во Франција, обвинет дека ја дрогирал сопругата и поканил десетици мажи да ја силуваат во текот на една деценија, беше одложено утрово бидејќи тој беше пренесен во болница поради болки во стомакот.
Судијата Роџер Арата објави дека обвинетиот Доминик Пелико (71) добил медицинска помош откако денеска се очекуваше да сведочи на судењето за злосторството што ја шокира Франција, пишува „Дејли мејл“.
Пензионирниот електричар призна дека ѝ ставал моќни седативи во вечерниот оброк на сопругата Жизел и во розе-виното речиси цела деценија за да ја онесвести.
Речиси 84 мажи, кои ги запознал на интернет, потоа наизменично влегувале во нивната скромна куќа во село во близина на Авињон за да ја силуваат во нивниот брачен кревет.
Полицијата пронашла и ужасни фотографии од ќерка му Керолин и од двете снаи, приближно 200.000 фотографии и видеа, што ги чувал во компјутерска датотека наречена „злоупотреба“.
Според обвинението, ѓаволот од Авињон во период од 10 години ја дрогирал сопругата Жизел (72) за да ја силува или да дозволи непознати да ја силуваат. И тоа на нивниот брачен кревет, додека тој гледал и снимал сѐ.
Ќерката на Доминик Пелико, Керолин Даријан (45), чии разголени фотографии ги направил татко ѝ на нејзиниот кревет и која е убедена дека таа била дрогирана на ист начин, го опишува својот татко како „најголемиот сексуален престапник во последните години“.
Полицијата идентификува повеќе од 200 силувања, а на 50 осомничени силувачи сега им се суди заедно со Доминик Пелико во Авињон.
Судењето е јавно по желба на жртвата на ова невидено злосторство.
Повеќе од 200 злосторства се случиле помеѓу 2011 и 2020 година. Нејзиниот сопруг извршил 108 од нив, а непознати лица 92.
„Лежам неподвижно на креветот и ме силуваат. Тоа се варварски сцени. За мене, тоа се хорор-сцени“, рече Жизел, која сакаше целиот свет да дознае што доживеала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Масовен хакерски напад врз руски државни медиуми; Украинците: Ние го изведовме
Извор од украинската влада соопшти дека украинските хакери се одговорни за големиот сајбер напад врз руската државна медиумска компанија ВГТРК што се случи денеска, што се совпадна со 72-от роденден на рускиот претседател Владимир Путин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно потврди дека ВГТРК била цел на сајбер напад без преседан, додавајќи дека експертите работат напорно за да откријат кој е одговорен и дека ВГТРК работи на надминување на последиците од нападот.
ВГТРК, која ги поседува и управува со главните национални ТВ канали и голем број регионални канали и радио станици, претходно во понеделникот објави дека нејзините интернет-сервиси станале цел на сајбер напад преку ноќ, но дека и покрај тоа, емитувањето на радиото и ТВ преносите функционирале.
„Нашиот државен медиумски холдинг, еден од најголемите, се соочи со невиден хакерски напад врз неговата дигитална инфраструктура. Експертите се обидуваат да ги утврдат сите околности со цел да разберат каде водат трагите што ги оставиле сторителите на овој хакерски напад“, рече тој.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.