Свет
Украина наскоро ќе нареди задолжителна евакуација на цивилите од Доњецк

Потпретседателката на украинската влада Ирина Верешчук изјави дека владата наскоро ќе нареди задолжителна евакуација на околу 200.000 цивили од источниот регион Доњецк. Станува збор за регион кој во моментов е главна цел на руската армија по освојувањето на областа Луганск во источна Украина.
Верешук рече дека евакуацијата мора да започне пред грејната сезона бидејќи руските сили ја уништиле целата инфраструктура потребна за централно греење.
Со оглед на тоа што владата не може насилно да евакуира цивили, Верешук рече дека сите оние кои ќе одбијат да се евакуираат ќе мора да потпишат документ во кој ја преземаат целата одговорност за можните ризици.
„Во Доњецк нема нормално снабдување со струја и гас поради рускиот напад. Зима нема да има греење во регионот на Доњецк. Тоа е главната причина, но и гранатирањето кое станува се поинтензивно“, рече Верешчук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напаѓачот на Ружди: Прочитав неколку страници од неговиот роман, го нападна исламот

Хади Матар – напаѓачот на познатиот писател Салман Ружди рече дека го почитува ајатолахот Хомеини, но не сакаше да каже дали нападот бил инспириран од фатвата што поранешниот ирански врховен лидер ја издаде против писателот.
Во интервју за американски „Њујорк пост“, објавено денеска, тој изјави дека „прочитал неколку страници“ од романот на Ружди – „Сатански стихови“ и дека идејата за нападот ја добил откако на Твитер видел дека писателот ќе биде гостин во Chautauqua во Њујорк.
Токму поради таа книга Хомеини издаде фатва во 1988 година и ги повика муслиманите да го убијат Ружди. Техеран понуди награда од 3 милиони долари за тоа.
Ружди минатиот петок требаше да одржи предавање во Чаутауква за уметничката слобода, но 24-годишниот Матар го нападна со нож. Иако состојбата на 75-годишниот писател роден во Индија и понатаму е критична, тој бил изваден од машината и почнал да зборува.
„Го почитувам ајатолахот. Мислам дека тој е одлична личност. Ќе кажам само толку за тоа“ вели Матар.
„Не ми се допаѓа толку многу. Тој е некој што го нападна исламот, ги нападна неговите верувања и религиозниот систем“ – нагласи напаѓачот за Ружди додавајќи дека гледал видеа од него.
Инаку. семејството на Матар дошло во САД од Либан, најпрво се населило во Калифорнија, пред неговите родители да се разведат. Таткото се вратил во Либан, а мајката се преселила во Њу Џерси, пишува „Њујорк Тајмс“.
Мајката на Матар изјави дека тој се вратил од патувањето на Блискиот Исток во 2018 година како променет човек и дека станал поповлечен и попосветен на исламот. По нападот на Ружди, мајката се одрече од својот син и рече дека не разговарала со него од инцидентот.
Регион
Во Бугарија фатен шверцер со 106 килограми хероин вреден околу 5 милиони евра

Бугарската царина запленила 106 килограми хероин во вредност од околу 5 милиони евра пронајден во автомобил управуван од 38-годишен маж со француско и турско државјанство.
Со пријавениот Х.А во автомобилот биле неговата сопруга, нивните две малолетни деца, како и нивните две кучиња.
Според методот „анализа на ризик“, автомобилот е пренасочен на детален царински преглед.
Цариниците пронашле вкупно 210 пакети сокриени во подот под предното седиште и во резервната гума на автомобилот. Од нив 209 содржеле прашкаста материја со светло беж боја која при тестирање со наркотест на терен реагирала на хероин, додека супстанцијата од последното пакување на хашиш.
Човекот е приведен, а како што соопштија бугарските обвинители, тој може да заврши зад решетки до 20 години поради трговија со дрога.
Свет
Разорна експлозија во џамија во Кабул, скршени се прозорците на околните згради

Во денешната разорна експлозија за време на вечерната молитва во џамија во Кабул загинаа голем број луѓе, соопшти локалната полиција без да го наведе точниот број на жртви.
Талибански разузнавач, кој сакаше да остане анонимен, во разговор со новинарот на Ројтерс изјави дека дури 35 лица се ранети или убиени, но дека бројот на жртви може да биде поголем.
Во извештајот на Ал Џезира се вели дека талибанските власти соопштиле дека 20 лица ги загубиле животите.
Брзата помош во Кабул на Твитер објави дека примила 27 пациенти ранети во експлозијата, меѓу кои и седумгодишно дете.
At least a dozen people killed and over 20 injured in a huge blast in a mosque in the Afghan capital #Kabul this evening. pic.twitter.com/8pzm4ZxIMM
— Ahmer Khan (@ahmermkhan) August 17, 2022
Граѓаните на Кабул велат дека од силината на експлозијата во северниот дел на главниот град, искршени се стаклата на околните згради.
A massive explosion inside a madrasa in Afghanistan's capital city Kabul on Wednesday killed 20 people with at least 40 feared injured.#Kabul #Afghanistan pic.twitter.com/9x5Jh1Okpq
— ????️????️HIJIT ????️????️THAK ✍️ ???????? (@aajtakabhijit) August 17, 2022
Имамот на џамијата е меѓу загинатите, а бројот на жртви може да се зголеми, изјави анонимен извор на Ројтерс.