Европа
Украина предложила неутрален статус и гаранции дека нема да се приклучува во воени сојузи

Украинскиот преговарачки тим соопшти дека предложил усвојување неутрален статус со потпишување гаранции дека нема да се приклучи на воени сојузи, како НАТО, или да биде домаќин на воени бази. За возврат, Русија би морала да ѝ гарантира безбедност на Украина, што, всушност, значи крај на воениот напад врз земјата.
Предлозите на Украина опфаќаат и 15-годишен период на консултации за статусот на анектираниот Крим и ќе стапат во сила само во случај на целосен прекин на огнот, изјавија преговарачите за новинарите во Истанбул.
Ова се најдетаљни и најконкретни предлози што Украина досега ги објави во јавноста, пренесува „Ројтерс“.
„Ако успееме да ги консолидираме овие клучни одредби, а за нас тоа е најосновно, тогаш Украина ќе биде во позиција да го промени својот сегашен статус како неблоковска и ненуклеарна држава во форма на постојана неутралност“, рече преговарачот Олекандер Чалиј во директен пренос на украинската национална телевизија.
„Ние нема да бидеме домаќини на странски воени бази на наша територија, ниту ќе распоредуваме воени контингенти на нашата територија ниту ќе влегуваме во воено-политички сојузи“, додаде тој.
За разговорите зборуваше и главниот руски преговарач и советник на Путин, Владимир Медински, кој оцени дека денешните преговори биле конструктивни.
„Од Украина добивме предлози да ја разгледаме нивната јасно формулирана позиција за мировниот договор. Предлозите ќе бидат разгледани и доставени до претседателот во наредниот период и ќе биде формулиран одговор“, рече Медински.
Медински нагласи и дека во иднина може да се сретнат рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володомир Зеленски.
„Можна е средба меѓу Путин и Зеленски во исто време со прелиминарното потпишување на мировниот договор“, рече Медински.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.