Свет
Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата за уште 90 дена
Украинскиот парламент, Врховниот труд, денеска ги поддржа предлозите за законот за продолжување на вонредната состојба и мобилизација за уште 90 дена, поднесени од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави пратеникот Јарослав Железња.
„Собранието го поддржа предлог-законот 7664 за продолжување на вонредната состојба за 90 дена, до 21 ноември годинава“, напиша Железња на својот канал „Телеграм“.
Зеленски на 12 август до Врховниот совет го поднесе предлог-законот за вонредна состојба и продолжување на мобилизацијата. Вонредната состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, пренесе Блиц.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела
Најмалку 40 лица, вклучувајќи воен персонал и цивили, се убиени во американските воздушен напад врз Венецуела рано во саботата наутро, изјавил висок венецуелски функционер за „Њујорк тајмс“.
Весникот пренесува дека во нападот имало цивилни жртви, особено во Катија Ла Мар, сиромашна крајбрежна област западно од аеродромот во Каракас, каде што била погодена трикатна станбена зграда, при што се урнал нејзиниот надворешен ѕид.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека во нападот нема настрадани американски војници, но призна дека неколкумина се повредени.
Подоцна истиот ден, на прес-конференција во Мар-а-Лаго, генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, објасни дека американските хеликоптери, кои биле на мисија да ги извлечат претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, биле нападнати. Според него, еден хеликоптер бил погоден, но останал оперативен, додека сите американски авиони се вратиле дома безбедно.
Регион
Се очекуваат многу опасни услови за возење во делови од Србија, се испаќаат СМС пораки до граѓаните
Српскиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) денеска соопшти дека е активиран системот за испраќање СМС информации за итни случаи до граѓаните поради леден дожд што се очекува од 5 до 7 јануари во Срем, Белград, Јужен Банат, Поморавље, источна, западна и делови од југозападна Србија.
Во итното предупредување, наведено е дека се очекуваат многу опасни услови за возење во наведените подрачја и ги советуваат граѓаните да не тргнуваат на пат без поголема потреба како и да се подготват за можни прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Според податоците на РХМЗ, во Белград паѓа снег, а паѓа и во Нови Сад, Зрењанин, Сремска Митровица и Ваљево. Се очекува формирање или зголемување на снежната покривка да биде од 10 до 20 сантиметри, а локално и повеќе. Градскиот превоз во Белград се одвива со големи проблеми.
ЈП „Патишта на Србија“ апелира до сите учесници во сообраќајот да не тргнуваат на пат без задолжителна зимска опрема освен ако е апсолутно неопходно, а доколку тргнат на пат да бидат особено внимателни поради лоши временски услови, да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го прилагодат своето возење на условите на патот. Засега автопатиштата и сите државни патишта од прв и втор ред, како и приодите кон граничните премини и планинските центри се проодни за сообраќај.
Авиокомпанијата Ер Србија објави на социјалните мрежи дека снежните врнежи може да имаат влијание врз авиосообраќајот и дека нивните служби прават се за да ја зачуваат редовноста.
Свет
Нилски коњ уби четворица мажи
Четворица млади мажи загинаа по напад од нилски коњ на езерото Наиваша во Кенија, јавија локалните медиуми.
Група од 14 мажи сакале нелегално да ловат риба на бреговите на езерото, популарна туристичка атракција лоцирана околу 80 километри од главниот град Најроби во Долината на Раседот.
Неколку нилски коњи ја нападнале групата, јавија кениските медиуми додавајќи дека некои од мажите успеале да испливаат на безбедно, додека други биле нападнати од животните или се удавиле.
Според роднините, мажите се обидувале да го надополнат семејниот приход со риболов, пренесе ДПА.
Нилските коњи, кои ноќе пасат по брегот на езерото, можат брзо да станат агресивни кога ќе почувствуваат дека нивната територија е нарушена.
Туристичките оператори постојано ги предупредуваат посетителите да не шетаат ноќе покрај езерото и да не застануваат меѓу животните и водата.

