Европа
Украинската вицепремиерка: Во тек се тешки преговори за евакуација на борците од Азовстал

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека преговорите со Русија за евакуација на украинските борци од фабриката за челик Азовстал биле „многу тешки“ и дека нивниот исход можеби нема да биде задоволителен за сите страни.
– Резултатот од преговорите можеби не е по волја на сите, но наша задача е да ги евакуираме нашите момци. Сите до еден – изјавила таа во објава на интернет, пренесува Ројтерс.
Лидерот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко, потврди за Си-Ен-Ен дека се водат „тешки преговори“ со цел постепено да се спасат сите „бранители“ бидејќи, како што вели, Русија постојано диктира нови услови и барања.
„Борците се тешко ранети“, рече тој.
Според него, руските сили продолжуваат да го гранатираат Азовстал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Бундестагот му ги укина привилегиите на поранешниот канцелар Шредер поради врските со Русија

Германскиот парламент, Бундестагот, укина некои од привилегиите кои Герхард Шредер ги ужива како поранешен канцелар, објавија денеска германските медиуми кога Европскиот парламент повика на санкции против поранешниот шеф на германската влада.
Членовите на Комисијата за буџет на германскиот парламент го прекинаа финансирањето на канцеларијата со персонал на кој Герхард Шредер има право како поранешен канцелар. Досегашниот персонал кој е достапен ќе биде преместен. Укинувањето на привилегиите дојде откако партиите во владејачката коалиција, вклучително и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), чиј претседател Шредер со години беше претседател, поднесоа барање до Комитетот.
Герхард Шредер сè уште има право на повластена „пензионерска плата“ и лична заштита.
Клубот за застапување на демохристијаните сакаше да му ги одземе овие привилегии на поранешниот канцелар поради неговите сè уште блиски врски со режимот на Владимир Путин.
Шредер, кој беше канцелар од 1998 до 2005 година, во последните месеци беше на удар на општата германска јавност поради заштита на постапките на Владимир Путин, со кој тој е близок пријател, дури и по нападот на Русија врз Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Полска: Ќе им помогнеме на Шведска и Финска доколку некој ги нападне

Полска ќе им помогне на Шведска и Финска доколку бидат нападнати уште пред да станат членки на НАТО, изјави денеска премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки.
„Приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО го сметам за важен сигнал за зајакнување на безбедноста во Европа“, рече Моравјецки, a пренесува „Ројтерс“.
Финска и Шведска официјално аплицираа за членство во НАТО во средата, поттикнати од руската инвазија на Украина.
„Сакам да ставам до знаење дека во случај на напад врз Шведска или Финска за време на нивниот пристапен процес, Полска ќе дојде на помош“, додаде Моравјецки.
Европа
Пукање во училиште во Германија, повредено едно лице

Германската полиција соопшти дека едно лице е повредено во пукање во средно училиште во северниот град Бремерхавен.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил рано во четвртокот во средно училиште и дека осомничениот бил приведен.
Портпаролот на полицијата изјави дека истрагата е во тек.