Европа
Украинскиот генерал предвидува кога ќе завршат конфликтите во Украина: Верува и дека Русија ќе биде поразена

Шефот на украинската воена разузнавачка служба изјави дека конфликтот против Русија ќе достигне пресврт до средината на август и ќе заврши до крајот на годината.
Во интервју за Скај Њуз, генерал-мајор Кирило Буданов изјави дека во Русија е во тек пуч за смена на Владимир Путин, но и дека рускиот лидер е „сериозно болен и боледува од рак“.
– Пресврт ќе биде во втората половина на август. Најголем дел од активните борбени акции ќе бидат завршени до крајот на оваа година. Како резултат на тоа, ќе ја вратиме украинската моќ на сите наши територии што ги загубивме, вклучително и Донбас и Крим – рече Буданов.
Тој рече дека Русија ќе претрпи огромни загуби, но дека не е изненаден од таквите размери, со оглед на тоа што руската моќ, како што вели, е „мит“.
– Европа ја гледа Русија како голема закана. Тие се плашат од нејзината агресија. Осум години се бориме против Русија и можеме да кажеме дека руската моќ е мит. Тоа не е моќно, тоа е орда луѓе со оружје – рече Буданов.
Украинскиот генерал истакна дека руските сили кои го нападнаа североисточниот град Харков биле турнати речиси до руската граница и дека нивниот неуспех да ја преминат реката Северски Донец пред неколку дена довел до „тешки загуби“.
– Можам да потврдам дека претрпеа големи загуби во жива сила и оклоп и можам да кажам дека кога се случија артилериските напади, многу екипажи ја напуштија својата опрема – додаде тој.
Тој исто така тврдеше дека поразот на Русија во Украина ќе доведе до смена на рускиот претседател Владимир Путин и дека е во тек државен удар против него.
Сепак, тој не даде никакви докази за своите тврдења.
Украинскиот генерал изјави и дека Путин е „во многу лоша психичка и физичка состојба и многу болен“.
Во последно време се шират гласини за нарушено здравје на Путин, но тоа неофицијално не е потврдено, пренесе Телеграф.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Руски политичар: Бавно напредуваме, украинската армија е една од најсилните

Политичарот Франц Клинцевич за руската телевизија го коментираше напредокот на Русија во Украина, велејќи дека е бавен, поради силната украинска армија.
Клинцевич вели дека руските сили во Украина се борат против војници кои имаат ист менталитет како Русите.
„Не сакам никого да навредам, но руската специјална воена операција е доста тешка. Украинската армија е една од најсилните и најдобро опремените армии. Како да се бориме против руски војници и офицери“, додаде тој, пренесе Индекс.хр.
Европа
Напаѓач во Норвешка избол четири лица, едно во критична состојба

Најмалку четири лица се избодени и повредени во случајни напади во Нумедал во југоисточна Норвешка, соопшти денеска локалната полиција.
Една од жртвите е во критична состојба, јавува „Ројтерс“.
Норвешките власти го опишаа инцидентот како „Пливо“, што во полициска терминологија значи „насилство опасно по живот“.
Еден час по првото пријавување на нападот, полицијата на Твитер објави дека осомничениот е уапсен.
#Numedal #Fjordvegen 08:47 Flere personer er tilfeldig skadd i forbindelse med en knivstikking. Nødetatene er på vei, og det er definert som en PLIVO hendelse. Denne blir oppdatert når vi har kapasitet.
— Sør-Øst politidistrikt (@politietsorost) May 20, 2022
Нумедал се наоѓа на југоисточниот дел на Норвешка и вклучува неколку општини.
Според медиумите, дојавата за нападот полицијата ја добила околу 8:45 часот по локално време.
Очевидец тврди дека на лице место имало неколку амбулантни возила и три хеликоптери.
На местото на настанот биле повикани и пожарникари, чиј шеф исто така тврди дека полицијата во меѓувреме успеала да го совлада напаѓачот.
– Успеаја да го фатат, имаат контрола над него. Тоа е сè што знам засега, изјави началникот на противпожарната служба, јавува „Ројтерс“.
Европа
Гувернерот на Херсон: Наскоро ќе бидеме Херсонска Област на Руската Федерација

Володимир Салдо, гувернер на окупираниот Херсон во јужна Украина назначен од Русија, рече дека регионот наскоро ќе биде целосно интегриран во Русија.
Салдо напиша на Телеграм дека регионот ќе стане „Херсонска Област на Руската Федерација“.
Неговиот заменик Кирил Стремусов напиша дека граѓаните ќе можат да аплицираат за руско државјанство во наредните недели кога ќе се стабилизира ситуацијата.
Украинските власти постојано предупредуваат дека Москва планира лажен референдум за независност во Херсон, но и на други места, пренесе Нова.рс.