Европа
Украинскиот парламент ги прогласи акциите на руската војска за геноцид и забрани истакнување на буквите Z и V

Украинскиот парламент денеска усвои резолуција со која акциите на руската армија во Украина се квалификуваат како геноцид и ги повика државите и невладините организации да го сторат истото.
„Руските дејствија имаат за цел систематски и кохерентно да го збришат украинскиот народ, да му го одземат правото на самоопределување и независен развој“, се вели во текстот, кој беше прифатен со мнозинство од 363 гласа од вкупно 450 членови на Врховната Рада.
„Затоа, неопходно е веднаш да се препознаат акциите извршени од руските вооружени сили за време на агресијата што започна на 24 февруари 2022 година како геноцид врз украинскиот народ“, се вели во текстот.
Врховната усвои и закон со кој се забранува јавно истакнување на буквите Z и V.
Ова го соопшти пратеникот Јарослав Железњак. Како што наведе тој, законот забранува секаква пропаганда за рускиот режим и руските напади во Украина, пренесува агенцијата ТАСС.
Според документот објавен на веб-страницата на Врховната рада, забрането е јавно прикажување на симболи поврзани со руските вооружени сили, вклучувајќи ги буквите Z и V и нивните еквиваленти во кириличното писмо.
Украинскиот парламент усвои и закон според кој странски државјани можат да работат во украинските разузнавачки служби и да служат во вооружените сили на Украина, изјави денеска пратеникот Алексеј Гончаренко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ издвојува една милијарда евра во 2022 година за зајакнување на сопствениот одбранбен фонд

Европската комисија денеска ја усвои годишната програма за работа на Европскиот одбранбен фонд, со која се предвидуваат 924 милиони евра за инвестиции и одбранбени капацитети на ЕУ за 2022 година.
Истовремено, планирани се дополнителни средства за одбранбени иновации од две милијарди евра со цел ЕУ да стане центар на иновации во одбранбениот сектор.
Денеска, решивме да мобилизираме една милијарда евра од буџетот на ЕУ за развој на заеднички одбранбени проекти, особено во вселената, сајбер-просторот и другите области со висока технологија.
Во нашиот нов безбедносен контекст тие инвестиции ќе придонесат за затворање на европскиот одбранбен јаз, велат претставниците на Европската комисија, пренесе „Танјуг“.
Европа
Русија ја укинува горната старосна граница за воен рок

Руската државна Дума денеска усвои предлог-закон за укинување на горната старосна граница за склучување на првиот договор за воена служба.
Во образложението се наведува дека законот сега предвидува првиот договор за воена служба да може да го склучат државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години, пренесува „РИА новости“.
Руската државна Дума денеска го усвои предлог-законот за укинување на горната старосна граница за отслужување воен рок, што на 20 мај го поднесоа пратениците на Единствена Русија, Андреј Картаполов и Андреј Красков.
Европа
Во Финска регистриран прв случај на мајмунска сипаница

Финска, најверојатно, го регистрирала првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска болницата во Хелсинки.
Светската здравствена организација во вторникот соопшти дека 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти се потврдени по првиот откриен случај надвор од земјите, каде што инфекцијата традиционално се шири од 7 мај, пред сè, во Западна и Централна Африка, објави „Ројтерс“.
Потврдени се 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти.