Свет
Украински дезертери плаќаат по 15.000 долари за бегство од војната во Украина
Украинските дезертери плаќаат дури по 15.000 долари за да избегаат преку граница. Тие масовно бегаат во Молдавија, една од најсиромашните европски земји.
Меѓу нив е и младиот моден фотограф од Киев, Вова Клевер, кој вели дека никогаш не се гледал себеси во оваа војна.
„Насилството не е мое оружје“, тврди тој.
Многу бргу по руската инвазија, Украина им забрани на сите работоспособни мажи на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата.
Клевер тајно побегнал во Лондон, со помош на шверцери низ Унгарија, за пет илјади долари. Но, како што пренесува „Јутарњи лист“, неговата грешка била што за тоа му напишал на својот пријател, кој потоа го објавил нивниот разговор на социјалните мрежи. Преписката набргу стана вирална и го предизвика гневот на Украинците на интернет.
„Ти си мртовец што оди. Ќе те најдам на кој било агол на светот“, гласи една од многуте заканувачки пораки на „Твитер“.
Борбата или бегството на безбедно од Украина, разурната од војната, стана морална дилема за многу мажи во Украина. Според регионалните власти, досега илјадници мажи ја напуштиле земјата за да избегнат да одат во војна.
Шверцерите во Молдавија, а можеби и во други европски земји, како Полска и Унгарија, водат профитабилен бизнис. Некои Украинци платиле до 15.000 долари за тајни ноќни прекугранични возења, велат молдавските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

