Свет
Украински офицер: Украинците гледаа како водата што ја проби браната однесе руски војници, имаше масовен егзодус

Украинските војници биле сведоци како руски војници ги однела поплавата и како бегале од источниот брег на реката Днепар по уривањето на браната „Нова Каховка“, изјави офицер на украинските вооружени сили. Многу руски војници беа убиени или ранети во хаосот, рече тој, пренесе Си-ен-ен.
Капетанот Андреј Пидлисни рече дека кога се урнала браната во раните утрински часови, „никој од руската страна не можеше да побегне“.
„Сите полкови што ги имаа Русите на таа страна беа потонати“ рече тој.
Пидлисни изјави за Си-ен-ен дека верува оти Русите намерно ја нападнале браната за да ги нарушат плановите на украинските сили за претстојната офанзива.
„Околу 3 часот по полноќ непријателот ја разнесе хидроцентралата ‘Каховка’ за да го подигне нивото на водата и да ги поплави приодите и левиот брег на реката Днепар, како и населените места што се наоѓаат таму. Невозможно е украинските вооружени сили да напредуваат таму во иднина“, рече тој.
Пидлисни објасни дека наклонот на земјата околу реката значел дека руската армија, стационирана на источниот брег, претрпела сериозен удар од пробивањето на браната. Неговата единица можеше да го следи развојот со помош на беспилотни летала и војници на теренот.
„Левиот (источен) брег е понизок од десниот, па е попоплавен. Потопени се и непријателските позиции на самиот брег на реката. Мора да разберете дека непријателските позиции не се само ровови, туку и обични цивилни куќи каде што живееле луѓе“, рече Пидлисни.
Руските единици во опасност можеби не биле предупредени, веројатно за да се зачува елементот на изненадување, додаде капетанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.