Европа
Украинскa пратеничка: Путин сака да изгради империја каква што светот не видел досега

Украинската пратеничка Лесија Василенко изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да застане во Украина и ќе продолжи со инвазија на други европски земји, пишува „Скај њуз“.
Таа ја спореди сегашната ситуација во Украина со ситуацијата кога Хитлер ја нападнал Полска во 1939 година.
„Луѓето во Франција и Велика Британија исто така седеа и велеа ‘тоа е за нив, не се работи за нас, далеку е’. Тоа беше на почетокот на Втората светска војна. Ова е токму истата работа“, вели Лесја.
„Путин нема да застане во Украина. Неговите омилени новинари зборуваат за одење понатаму и за создавање голема експлозија во Европа. Целта на Путин е да изгради руска империја поголема од сè што светот видел досега“, додава таа.
Според неа, Путин црпи инспирација од Сталин и Хитлер и забележува дека колку побргу Путин биде задржан внатре во Русија, толку подобро за целиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.