Свет
УНИЦЕФ: Бројот на деца бегалци надмина 36 милиони минатата година
Повеќе деца од кога било по Втората светска војна беа во бегство од конфликти, насилство и други кризи ширум светот кон крајот на 2021 година, објави агенцијата на ОН за деца УНИЦЕФ во Њујорк.
Според УНИЦЕФ, околу 36,5 милиони деца биле принудени да ги напуштат своите домови, од кои речиси 22,8 милиони се раселени поради конфликти и насилство. Бројките претставуваат зголемување од 2,2 милиони деца бегалци ширум светот од 2020 година.
Рекордот е директен резултат на конфликти како оние во Авганистан и Јемен, според УНИЦЕФ. Агенцијата на ОН за деца забележува дека уште 7,3 милиони деца останале без покрив над главата во 2021 година поради природни катастрофи. УНИЦЕФ ги повикува владите ширум светот да ја засилат заштитата на бегалците, мигрантите и децата.
Бројките не ги вклучуваат украинските деца
Бидејќи бројките датираат од крајот на 2021 година, тие не ги вклучуваат украинските деца кои останале без покрив над главата или биле принудени да избегаат поради руската инвазија. Конфликтот довел до создавање на дополнителни два милиони деца бегалци од февруари и уште три милиони внатрешно раселени деца.
Покрај тоа, децата и нивните семејства исто така се раселени поради екстремните временски услови, како што се сушата во Африка и големите поплави во Индија, Бангладеш и Јужна Африка.
Повеќе од една третина од раселените деца живеат во суб-сахарска Африка (3,9 милиони или 36 отсто), четвртина живеат во Европа и Централна Азија (2,6 милиони или 25 отсто) и 13 отсто (1,4 милиони) на Блискиот Исток и Северна Африка , се вели во соопштението на УНИЦЕФ.
Се додава дека околу две третини од сите деца бегалци посетуваат основно училиште, додека само околу една третина од адолесцентите бегалци посетуваат училиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

