Свет
Фаучи за вакцината на „Модерна“: Тешко дека има подобро од 95 % ефикасност
По објавата на американската фармацевтска компанија „Модерна“ дека нејзината вакцина против коронавирус е речиси 95% ефикасна, голем број научници и лекари се огласија со воодушевување.
„Вестите од ‘Модерна’ се многу возбудливи и постои значителен оптимизам дека ќе имаме избор на добри вакцини во следните неколку месеци. Потребни ни се повеќе детали отколку што добивме во соопштението за јавноста, но самата најава придонесува за општо чувство на оптимизам”, рече професорот Питер Опеншау на еминентниот лондонски империјален колеџ.
„Гледаме дека следува друга вакцина со слични резултати на ефикасност како вакцината на ‘Фајзер’ од минатата недела, тоа е многу добра вест. Треба да се има предвид дека ова се привремени резултати, што значи дека се испитани доволно случаи кај вакцинирани субјекти за да може да се зборува за статистички значаен резултат “, рече професорката Труди Ланг од универзитетот во Оксфорд.
Успехот на американската компанија „Модерна“ го коментираше и д-р Ентони Фаучи, водечки експерт на американската влада за заразни болести.
„Ова се очигледно многу возбудливи резултати. Тешко дека може да има подобро од ова – 95% ефикасност е навистина извонредна”, изјави д-р Фаучи за Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

