Свет
Фаучи: Примете ја која било вакцина што ви е достапна

Водечкиот американски експерт за заразни болести д-р Ентони Фаучи изјави дека треба да се прими каква било вакцина против коронавирус што е достапна, без оглед за која станува збор.
Тој за телевизијата „Ен-би-ес“ изјави дека фактот дека и трета вакцина против Ковид-19 ќе биде достапна во САД е само добра вест и дека ќе помогне во контролата на пандемијата. Регулаторното тело на САД вчера објави дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која се дава во единечна доза, обезбедува силна заштита од тешката форма на Ковид-19.Се очекува наскоро Американската администрација за лекови (ФДА) да ја одобри.
Фаучи ги предупреди луѓето да не го одолговлекуваат примањето на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за да чекаат да ја добијат малку поефикасните вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“. Тој рече дека тоа е трка помеѓу вирусот и давањето вакцина на луѓето и дека колку подолго чекате со вакцинацијата, толку е поголема можноста вирусот да развие нова варијанта или мутација.
Американскиот експерт рече дека службениците во јавното здравство се загрижени поради мутациите на вирусот и ја потенцираше важноста од спроведување мерки како што се носење маски и социјално дистанцирање. Најчестиот мутиран вид на коронавирус што се јавува во САД е британскиот. Фаучи рече дека вакцините што се дистрибуираат во САД можат јасно да го сузбијат тој вид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Рекорден број починати од коронавирус во Турција

Во изминатите 24 часа, 297 лица починаа од коронавирус во Турција – најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на починати во Турција сега е 35.031.
Регистрирани се и 61.400 новозаразени лица, така што вкупниот број на заразени досега е 4.086.957.
Земајќи го предвид просечниот број на заразени лица за седум дена, Турција во моментов е четврта земја во светот според бројот на заболени.
Регион
Курти побара од Грција да го признае Косово

Косовскиот премиер, Албин Курти, се состана со шефицата на грчката канцеларија за врски во Приштина, Крисоула Алифери, и побара од нејзината земја да се приклучи на блокот на земји што го признаа Косово.
Во соопштението на косовската влада се вели дека Курти побарал билатералната соработка дополнително да се проширува и продлабочува и Грција да се приклучи на блокот земји што го признале Косово.
Курти ги пофалил односите со Грција и нејзината посветеност за членството на Косово во меѓународните организации, како што беше случајот со членството во ЕБОР.
Грчкиот амбасадор во Србија, Јоргос Јакофотакис, вчера рече дека ставот на неговата земја да не ја признава независноста на Косово е добро познат и останува непроменет.
Амбасадорот ги коментираше очекувањата на аналитичарите за надворешна политика Дејвид Филипс и Даниел Сервер дека Грција ќе ја смени својата позиција и веројатно ќе го признае Косово.
Филипс и Сервер изјавија дека не очекуваат петте земји од Европската унија што не го признаа Косово да ја сменат својата позиција, освен Грција.
Регион
Во Србија 2.971 нов случај на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 2.971 случај на коронавирус, а 35 лица починаа.
Направени се 14.565 тестови.
Досега во Србија се регистрирани 654.870 случаи на коронавирус, а починале 5.881 лице.
Србија надмина три милиони дадени дози на вакцини.
„Наскоро ќе имаме над 1,8 милиони вакцинирани луѓе со две дози“, рече денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Кога се во прашање епидемиолошките мерки, новата седница на кризниот штаб е закажана за утре во 8 часот.
Ќе се разговара за можно ново ублажување на мерките. Исто така, се очекува конечна одлука за враќање на учениците во училиште, по еден месец настава на интернет.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш