Европа
Финска отвора амбасада во Ирак по 30 години

Финска соопшти дека по 30 години, повторно ја отвора својата амбасада во Багдад со цел повторно да воспостави билатерални односи и да ѝ помогне на земјата да ја обнови трговијата.
Еден од поголемите проблеми меѓу двете земји е враќањето на илјадници Ирачани на кои им е одбиено барањето за азил во Финска, пренесува АП додавајќи дека во 2015 година пристигнале околу 20.000 Ирачани во таа земја.
Финскиот амбасадор Веса Хакинен, кој беше назначен за фински амбасадор во Ирак, рече дека Финска го повлекла својот амбасадор од Ирак пред Заливската војна во 1991 година.
На почетокот во амбасадата во Финска ќе има четири лица, а првично ќе биде лоцирана во зградата во која е и шведската амбасада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Силен ветaр го оддува камионот врз полициски автомобил и го смачка

Ветровите проследени со дожд во Велика Британија дуваа со брзина до 100 километри на час и превртеа камион на автопатот А1, кој потоа удри во полициски автомобил.
Несреќата се случила во Шкотска кога полициско возило го насочувало сообраќајот од надворешната лента. Ветрот веќе оддувал еден камион од патот до тогаш. Друг камион тогаш само се превртел кон полицискиот автомобил и го смачкал. Полицаецот кој пристигнал на местото на настанот е полесно повреден.
Sgt Easton, the driver, was as cool-as-a-cucumber when he broadcast on INTOP1: “We need to close the A1 now: a lorry has just toppled onto my patrol car. And I just polished it yesterday!” I nearly spilt my mug of tea but was quickly reassured when told the BMW was a ‘64 plate! pic.twitter.com/eX6lDJGUXy
— CS Stewart Carle (@ChSuptRoads) December 10, 2019
„Мораме да го затвориме А1 веднаш. Камионот само што се преврте на моето патролно возило. А го исполирав вчера“, објави на твит началникот на полицијата Стјуарт Карл.
#A1 UPDATE AS OF 3.30PM
The road will remain closed between #Haddington & #Dunbar until at least 10pm tonight (10, December) and will reopen only once the recovery of HGVs involved in earlier crashes has taken place.
Please travel with care.
Read more: https://t.co/uNex3bfVUU pic.twitter.com/9UpLfBzWrz
— Road Policing Scotland (@polscotrpu) December 10, 2019
Метеоролозите издадоа жолто предупредување за подрачјето на Англија и Шкотска бидејќи силните ветрови веројатно ќе предизвикаат доцнење во железничкиот и патниот сообраќај.
Европа
Изборната трка во Велика Британија станува сè понеизвесна

Изборната трка во Велика Британија станува сè понеизвесна, а конзервативците на премиерот Борис Џонсон треба на изборите в четврток да победат со мало мнозинство. Ова го покажуваат најновите испитувања на јавното мислење.
Агенцијата YouGov предвидува дека конзервативците ќе обезбедат мнозинство од 28 пратенички места, што е значително помалку од 68-те мандати колку што им предвидуваше анкетата од пред две недели. Предноста на конзервативците е многу намалена во последните две недели и сега поради маргината од грешка во анкетата, веќе не е ни сигурно дека премиерот Борис Џонсон ќе победи на изборите, а во тој случај брегзитот повторно може да биде одложен.
Европа
Премиерот на Етиопија ја доби Нобеловата награда за мир

На премиерот на Етиопија, Абиџ Ахмед, денеска во Осло му беше врачена Нобеловата награда за мир. Тој се заложи за единство и помирување изјавувајќи дека ние и тие не постојат.
Ахмед (43) е награден за помирувањето и договорот постигнат со Еритреја, со кој се стави крај на 20-годишниот конфликт меѓу двете држави.
„Нема ние и тие, туку само ние затоа што сите сме поврзани со заедничката судбина на љубовта, простувањето и помирувањето“, рече премиерот на Етиопија.
Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек на девет милиони круни (околу милион евра). Паричниот износ на наградата се дели ако има повеќе лауреати во една дисциплина.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми