Свет
Финска: Полицијата истражува саботажа на гасоводот
Финската полиција соопшти дека повела кривична истрага за можна саботажа на подводниот гасовод меѓу Финска и Естонија, кој беше затворен во текот на викендот по истекување.
Финското Национално биро за истраги (НБИ) вчера соопшти дека почнало да собира докази на локацијата на истекувањето, кое беше откриено во неделата во економската зона на Финска на гасоводот „Балтиконектор“, што ги поврзува двата сојузника на НАТО, пренесе АП.
Финска не може да ја исклучи можноста дека државен актер бил вмешан во оштетувањето на гасоводот „Балтиконектор“ и на паралелниот телекомуникациски кабел, изјави директорот на финското безбедносно разузнавање, Анти Пелтари, пренесе „Ројтерс“.
Целта на истрагата е да се утврди дали гасоводот „Балтиконектор“ е оштетен намерно или случајно и кој го оштетил.
Финските власти веќе ја отфрлија можноста за оперативна несреќа велејќи дека штетата е предизвикана од надворешна активност.
Истакнувајќи дека анализата е сè уште во рана фаза, НБИ соопшти дека се откриени траги на морското дно во близина на истекувањето, без да наведат детали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

