Контакт

Европа

Финскиот институт за јавно здравје: Новите одредби на СЗО немаат смисла

Објавено пред

Раководителот на Финскиот институт за јавно здравје во петокот рече дека насоките на СЗО, со кои се повикуваат државите да тестираат што е можно повеќе луѓе, немаат смисла бидејќи луѓето што имаат благи симптоми и на кои не им е потребна медицинска помош, немаат корист од тестирањето, а и се трошат ресурсите.

За разлика од многу други земји, Финска одлучи да ги тестира само најранливите групи и вработените во здравствениот систем.

Финскиот институт за јавно здравје соопшти дека тестирањето лица со благи симптоми би било бескорисно трошење на ресурсите на здравствениот систем.

„Ние не ги разбираме упатствата за тестирање на СЗО. Ние веќе не можеме целосно да ја отстраниме болеста од светот. Ако некој го тврди тоа, не ја разбира пандемијата“, рече Мика Салминен, раководител на Финскиот институт за здравје и благосостојба, за весникот „Хелсингин саномат“.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, во средата рече дека стратегијата за тестирање и набљудување мора да биде основа на одговор во секоја земја.

Видливоста на ширење на заразата во Финска, која има население од речиси 5,5 милиони луѓе, рапидно е намалена кога властите ги ограничија теститрањата поради недоволен капацитет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Објавено пред

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно да се дејствува со цел да се заштитат човековите права на сите инволвирани, предупредија европратениците на дебатата пред состанок на Советот на Европа.

Европратениците ги искажаа своите ставови и очекувања пред неодамнешниот состанок на Советот на Европа и, меѓу другото, предупредија за проблемот со миграцијата, нагласувајќи дека бројот на мигранти расте во летните месеци и дека сите членки на ЕУ мора да покажат солидарност со повеќето земји изложени на миграциски притисок.

Тие им порачаа на високите претставници дека за ова е потребна итна акција со која ќе се спречи кризата и ќе се заштитат човечките животи и права.

„Европските граници станаа гробници под отворено небо, азилантите се киднапирани, оставени, злоупотребени во хрватските шуми, Мароканците умираат на границите на Шпанија, бродовите што спасуваат мигранти се блокирани во Италија“, рече француската пратеничка Манон Обри .

Државната секретарка на Португалија, Ана Паула Закаријас, во дискусијата рече дека мора под итно да се подобри управувањето со границите и да се обезбеди доброволно, достоинствено и одржливо враќање и реадмисија.

„Неодамнешните случувања на некои рути се причина за загриженост и бараат конкретен напредок во соработката со нашите партнери“, рече Закаријас.

Исто така беше иницирана дискусија за договорот за дистрибуција на мигранти, кој беше постигнат во 2019 година на Малта, за кој Закаријас рече дека е ефикасен механизам за солидарност, но кој сепак останува ограничен во некои делови.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Спајдермен дојде во посета на папата

Објавено пред

Необичен посетител, суперхеројот Спајдермен денеска се појави на јавно обраќање на папата во Ватикан.

Имено, човек во тесен костум од овој стрип јунак седеше во ВИП делот за публиката во дворот Сан Дамасо, пренесува „Ројтерс“.

Спајдермен мирно седеше до свештеник облечен во црно, кој изгледаше дека воопшто не е вознемирен или зачуден од присуството на шарената маска со големи бели очи.

Прикажи повеќе...

Европа

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Објавено пред

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во Црното Море, објави во средата „Интерфакс“, пренесувајќи соопштение на руското Министерство за одбрана.

Инцидентот се случил во близина на југот на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Би-би-си наведува дека руски патролен брод испукал два истрела кон британскиот уништувач, но Русите не застанале тука. Имено, паралелно со предупредувачките истрели од рускиот воен брод, руски борбен авион „су-24“ фрлил четири високо-експлозивни бомби во морето пред британскиот уништувач, соопшти руското министерство.

„ХМС Дифендер ги напушти руските води кратко потоа“, информираат од Министерството за одбрана на Русија.

„Уништувачот беше предупреден дека ќе се употреби оружје доколку ја премине границата на Руската Федерација. Тој не реагираше на предупредувањето“, се вели во соопштението.

Аташето за одбрана на британската амбасада бил повикан во руското Министерство за одбрана на разговор, го цитира министерството, „Интерфакс“.

ХМС Дифендер е уништувач тип 45 и извршува мисии во Црното Море, се наведува на веб-страницата на кралската морнарица.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 минути

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет13 минути

Во Бразил рекорден број на новозаразени од коронавирус во еден ден

Во Бразил беше постигнат рекорд со над 115.000 случаи на заразени со коронавирус во еден ден, соопштија здравствените власти. Според...

Економија13 часа

Владата го утврди предлогот за поскапување на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет14 часа

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ15 часа

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија18 часа

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија18 часа

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа19 часа

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија19 часа

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Македонија21 час

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа21 час

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија22 часа

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија22 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет24 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет24 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија2 дена

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија2 дена

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија2 дена

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија2 дена

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија2 дена

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Досие