Контакт

Европа

Флекенштајн: Можно е Меркел да си замине и порано од функцијата

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека нема да се кандидира за нов мандат во 2021 година кога ѝ истекува сегашниот мандат, но таа може да ја напушти функцијата многу порано, изјави денеска европратеникот Кнут Флекенштајн, кој исто така е и дел од Социјалдемократската партија, коалициски партнер на партијата на канцеларката Меркел, Христијанската демократска унија во федералната влада.

„Можно е таа да замине дури и пред 2021 година. Големата коалиција во 2020 година прави преглед на ситуацијата, ако сфатат дека нешто не е добро, тогаш мислам дека коалицијата нема да го издржи целосниот мандат од четири години. Тогаш е време за нов канцелар“, рече е Флекенштајн за „Б92“.

Вести

Тереза Меј ќе го презентира планот Б за брегзит

Објавено пред

Британската премиерка, Тереза Меј, во парламентот ќе го претстави планот Б за брегзит, откако пратениците го отфрлија договорот што таа го постигна со Брисел.

Велика Британија треба да ја напушти Европската Унија на 29 март без договор, доколку Меј не ги убеди пратениците да го прифатат или да создадат алтернативен план што би бил прифатлив за Брисел, пренесуваат тамошните медиуми.

Лидерите на ЕУ засега одбиваат да преговараат за нов договор за брегзит и тврдат дека најдобриот договор веќе е постигнат, но таквиот договор беше отфрлен од страна на пратениците во британскиот парламент.

Прикажи повеќе...

Европа

Двајца Кипрани во бегство со бебе, властите се сомневаат на трговија со луѓе

Објавено пред

Кипарската полиција трага по двајца мажи кои исчезнале со бебе, за кое постојат сомнежи дека имале намера да го посвојат, откако една Кипранка го купила во нивно име на Филипините.

Двајцата мажи, кипарски Грк и странски државјан, за кои се верува дека се двојка, се соочуваат со обвиненија за шверц, фалсификување и заговор, објави агенцијата АП.

Жената која го купила бебето во име на двојката е во притвор, а за бебето се претпоставува дека е со парот кој е во бегство.

 

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Објавено пред

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари, а на кој се проценува дека ќе учествуваат околу 3 000 учесници, се во завршна фаза. Организаторите посочија дека сè е подготвено за собирот на најмоќните луѓе во светот.

Илјадници бизнисмени и политички лидери од целиот свет ќе се соберат во Давос, Швајцарија, на Светскиот економски форум за да разговараат за глобалните прашања. Главната тема на форумот оваа година е „Глобализација 4.0: Создавање нова архитектура во ерата на четвртата индустриска револуција“.

(Фото ЕПА)

Организаторите посочија дека 65 шефови на држави и влади, и околу 40 лидери на меѓународни организации, меѓу кои и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе бидат дел од форумот, додека претседателот на Светскиот економски форум изјави дека околу 37 шефови на држави и владите ќе бидат од Европа и Евроазија.

Трамп, Макрон и Mej го откажаа своето доаѓање.

(Фото ЕПА)

Според најавите, тие нема да присуствуваат поради серијата  кризи кои влијаеја на глобалната економија. Причината поради која Макрон го откажа своето доаѓање се протестите на „жолтите елеци“.

(Фото ЕПА)

Меј своето доаѓање го откажа поради ситуацијата со брегзит, за која посочи дека сега во овие моменти е потребно да се вклучат сите напори за решавање на ова прашање, пренесоа тамошните медиуми.

Според американските медиуми, Доналд Трамп го откажал доаѓањето поради ситуацијата на границата со Мексико и блокадата на владата.

Неизвесноста поради трговските спорови, поткопувањето на меѓународните односи, брегзитот и забавувањето на глобалниот раст, ќе бидат доминантни теми за кои ќе се разговара на форумот.

Меѓу учесниците на форумот ќе бидат голем број шефови на влади, раководители на компании и претставници на граѓанското општество, додека од Групата на седум индустриски најразвиени земји (Г-7) дел од форумот во Давос ќе бидат јапонскиот премиер, Шинзо Абе, германската канцеларка, Ангела Меркел, и италијанскиот премиер, Џузепе Конте.

(Фото ЕПА)

Кинеската делегација ќе биде предводена од заменик-претседателот на Кина, Ванг Чишан, пренесоа тамошните медиуми. „Бизнис инсајдер“ оценува дека под знак прашалник, пак, сè уште е доаѓањето на рускиот претседател, Владимир Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неодамна, во одговор на новинарско прашање дали Путин ќе се појави во Давос, рече дека „ниту една опција не е исклучена, но дека одлуката сè уште не е донесена“.

(Фото ЕПА)

Меѓу учесниците, најверојатно, ќе биде и српскиот претседател, Александар Вучиќ, како и премиерите на земјите од регионот.

Меѓу другите политички лидери кои ќе бидат дел од форумот се и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро,шпанскиот премиер, Педро Санчез, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, претседателот на Колумбија, Иван Дуке, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Холандија, Марк Руте.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски8 минути

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овојпат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски1 час

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести1 час

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија1 час

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет1 час

Трамп за две години изнел 8.158 лажни или погрешни тврдења

Две години по преземањето на функцијата, американскиот претседател, Доналд Трамп, има изнесено 8.158 лажни или погрешни тврдења, покажува Алатката за...

Свет2 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија3 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион4 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет4 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет4 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет6 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија19 часа

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Македонија21 час

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува распустот за сите ученици

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари, соопшти Владата на...

Македонија21 час

„Никоб“: Обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари

Националната агенција за обезбедување „Никоб“ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар....

Спорт23 часа

Македонија се намачи, но го победи Чиле

Македонија официјално го заврши настапот на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска со пласман на 15. место, откако...

Македонија1 ден

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет1 ден

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет1 ден

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Свет1 ден

Трамп понуди договор за миграција во замена за блокадата на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи договор за миграција во кој за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, тој нуди...

Досие