Свет
Фон дер Лајен: Иран мора да се придржува до нуклеарниот договор
Иран мора да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Таа го додаде и својот глас на меѓународните повици Иран да помогне во спасување на пактот од кој американскиот претседател Доналд Трамп се повлече во 2018 година.
„За европското население, важно е Иран да се врати на нуклеарниот договор. Мораме да го увериме Иран дека тоа е во негов интерес“ рекла Фон дер Лајен, потврдувајќи деа министрите за надворешни работи на ЕУ во петок ќе одржат посебен самит, пренесе Ројтерс.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупредува на ризикот од погрешните пресметки во сред глобалните тензии, кои се наоѓаат на највисоко ниво во овој век.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

