Контакт

Европа

Фон дер Лаен: Првите дозволи за вакцина во втората половина на декември

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека според процените на Европската агенција за лекови, првите дозволи за употреба на вакцината против Ковид-19 се очекуваат во втората половина на декември, и тоа за вакцините на компаниите „Фајзер“ – „Бионтек“ и „Модерна“.

Европската агенција за лекови објави дека до крајот на годината треба да се даде зелено светло за употреба на вакцината против Ковид-19 на територијата на ЕУ и вакцинацијата да почне во јануари 2021 година.

ЕУ предупредува дека е потребно да се развие стратегија за вакцинација и да се утврдат приоритетните групи што ќе бидат вакцинирани со првите достапни дози.

Европа

Франција бара ЕУ да воведе санкции за Турција

Објавено пред

Франција предлага по предупредувањето од октомври, Европската унија следниот месец да воведе санкции против Турција, но сè уште не ја има поддршката од владите на ЕУ.

Париз наведува дека турскиот претседател Таип Ердоган не ги послушал предупредувањата на лидерите на ЕУ на 1 октомври – да се повлече од спорот за истражување на гас во Медитеранот или да се соочи со последиците.

Франција не изготви детален план за санкции, но дипломатите велат дека мерките ќе влијаат на турската економија, веројатно во бродската, банкарската и енергетската сфера, пренесува „Ројтерс“.

Европскиот парламент се очекува да побара санкции денеска, осудувајќи ја посетата на Ердоган на отцепените кипарски Турци на северот на Кипар, на почетокот на овој месец.

Франција е во конфликт со Турција и во врска со конфликтот во Нагорно-Карабах. Имено, Париз ја обвини Анкара за поттикнување на кризата на Кавказот, што земјата го отфрли.

„Турција знае што треба да прави“, рече францускиот министер за надворешни работи Жан Ив ле Дријан на сослушувањето во парламентот во Франција оваа недела, под наслов „Соочувањето или соработката зависи од нив“.

Турското Министерство за надворешни работи ја критикуваше ЕУ за дебатата за санкции, велејќи дека таквата дискусија не е корисна.

Прикажи повеќе...

Европа

Шведскиот принц и принцезата заразени од коронавирус

Објавено пред

Шведскиот принц Карл Филип и неговата сопруга, принцезата Софија, се позитивни на Ковид-19, соопшти шведското кралско семејство.

Тие се чувствуваат добро, се вели во соопштението и се додава дека во текот на денот ќе бидат тестирани и кралот Карл XIV Густав, кралицата Силвија, постарата сестра на принцот и престолонаследничката Викторија и нејзиниот сопруг, принцот Даниел, пренесува „Ројтерс“.

Принцот Карл Филип е четврти по ред за шведскиот трон.

Прикажи повеќе...

Европа

Нехамер: Tерорист во Виена планирал напад и врз цркви

Објавено пред

Исламскиот терорист Кујтим Фејзулај, кој на 2 ноември изврши вооружен напад во Виена и уби четири и рани повеќе од 20 лица, исто така планирал напад врз црква, беше објавено на прес-конференција.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, изјави дека терористот имал намера да бара жртви и во црквите пред полицијата да го убие.

Пример на терористот, Македонец со албанско потекло, роден во Виена, му бил нападот врз црквата „Нотр Дам“ во Ница на крајот на октомври, во кој беше убиена една жена.

Нехамер објави дека сега, поради наодите од истрагата, се зајакнува надзорот над црквите и другите верски објекти.

Генералниот директор за јавна безбедност, Франц Руг, најави дека отсега верските објекти ќе се следат прикриено и јавно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија2 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија3 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија5 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ7 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија7 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија7 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет8 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет8 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија19 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија20 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија21 час

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет22 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен22 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија1 ден

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија1 ден

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија1 ден

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Досие