Контакт

Европа

Франција порача: Русија е на потег по нападот во Сирија

Објавено пред

По нападот на западните земји во Сирија, на потег е Русија да изврши притисок врз претседателот Башат ал-Асад, за да се изнајде политичко решение на кризата. Ова го изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан.

„Сега се надеваме дека Русија ќе сфати оти по воениот одговор, неопходно е да вложи заеднички напори во промовирање на политичкиот процес во Сирија, за излез од кризата. Франција е подготвена за тој момент“, рече Ле Дриан, во интервју за „Журнал ди диманш“.

Францускиот министер додаде дека Асад е оној кон го блокира политичкиот процес и дека и преостанува на Русија да изврши притисок врз него.

Ле Дриан оцени дека првата неопходна етапа е воспоставување на прекин на огнот што ќе го почитуваат сите страни, како што е наведено во претходните резолуции на Советот за безбедност при Обединетите Нации.

Според неговите зборови, нападите кои вчера ги спроведоа силите на САД, Велика Британија и Франција во Сирија, треба да овозможат повторно започнување на преговори во рамки на Обединетите Нации.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Плоштадот во Ватикан украсен со божикни светилки, јасли и дрво

Објавено пред

Божикното дрво и јаслите, донации од италијанската провинција чии шуми беа унишени од невремето, се поставени на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, кој започна со подготовките за Божик.

Дрвото и јаслите биле донирани од две планински заедници од североисточна Италија, од провинцијата Трентино-Алто Адиџе, чии шуми беа уништени од невреме во октомври 2018 година.

Папата Франциско ги прими донаторите пред инаугурацијата, на која присуствуваа официјални лица од Ватикан, но не и самиот црковен поглавар.

„Смреката што ја дониравте е симбол на надеж, особено за вашите шуми, да се расчистат што е можно поскоро и да започнат со пошумување“, рече Франциско.

Дрвото и јаслите ќе останат на плоштадот до 12 јануари, објави Ватикан.

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија до крајот на идната година ќе постигне договор за трговија со ЕУ

Објавено пред

Велика Британија ќе постигне договор за трговија со Европската Унија до крајот на следната година, рече премиерот Борис Џонсон.

„Во интерес на ЕУ е да постигне договор со нас и јас не се сомневам дека ќе го стори тоа.И ако прашувате дали можам да гарантирам дека ќе се постигне договор – мислам дека можам“, рече Џонсон по посетата на фабрика во централниот дел на Англија.

Тој повтори дека ќе ја извади Велика Британија од ЕУ до крајот на јануари. Џонсон додаде нема да го продолжи преодниот период, кој треба да заврши во декември наредната година, и покрај тоа што критичарите тврдат дека не останува доволно време за да се постигне нов трговски договор.

Прикажи повеќе...

Европа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Објавено пред

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи за време на еден од најголемите штрајкови во земјата во последните децении.

Протестите речиси целосно го парализираа јавниот превоз, а демонстрациите во Париз беа одбележани со судири со полицијата која гаѓала со солзавец кон демонстрантите.

Во Париз уапсени се 87 лица, соопштија официјални претставници, а пренесе Би-би-си.

Полицијата во неколку наврати употребила и палки за да се одбрани од демонстрантите облечени во црно, кои се упатиле кон неа.

Вработените во железницата најавија дека ќе штрајкуваат и утре, а членовите на синдикатот во компанијата RATP, која е надлежена за автобускиот и метро-сообраќајот, најавија дека ќе штрајкуваат до понеделник.

Популарните туристички атракции, како Ајфеловата кула и Версајскиот дворец во Париз, се затоврени за посетители, јави Би-би-си.

Освен во Париз, масовни протести се одржаа и во сите поголеми градови, како Лион, Марсеј, Нант и Монпелје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија1 час

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет3 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет3 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет3 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет3 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија4 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет4 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија4 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа14 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет19 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија21 час

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија21 час

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија22 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет1 ден

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија1 ден

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет1 ден

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Досие