Свет
Францускиот гувернер: Царините на Трамп се брутални, сите ќе загубат
Европските лидери денеска предупредија дека заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на царините за ЕУ ризикува да предизвика трговска војна што ќе предизвика економска штета на двете страни на Атлантикот.
Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, додаде дека ако САД и Европа почнат трговска војна, Кина ќе биде таа што ќе се смее на маргините. Ние сме многу поврзани. Трамп им кажа на земјите од Европската Унија дека тие се следни на ред по неговата одлука да воведе огромни царини за Мексико, Канада и Кина.
„Тоа, дефинитивно, ќе се случи со Европската Унија. Можам да ви го кажам тоа бидејќи тие навистина нè искористија“, им рече Трамп вчера на новинарите повторувајќи ги поплаките за трговскиот дефицит. „Тие не ни ги земаат автомобилите, не ни ги земаат нашите земјоделски производи. Тие не земаат речиси ништо, а ние им земаме сè“, додаде тој.
Германскиот канцелар Олаф Шолц зазеде повнимателен тон повикувајќи ги ЕУ и САД на соработка. „Јасно е дека како силна економска област можеме сами да си ја обликуваме иднината и да реагираме на царинските политики, но перспективата и целта треба да бидат работите да резултираат со соработка“, рече тој.
Лидерот на германската конзервативна опозиција, Фридрих Мерц, доцна вчера изјави дека царините ризикуваат да имаат спротивен ефект. „Трамп сега исто така ќе разбере дека царините што ги наметнува нема да мора да ги плаќаат оние што увезуваат во Америка. Наместо тоа, тие ќе треба да ги плаќаат потрошувачите во Америка“, рече Мерц.
„Колку што коронавирусот и руската агресија во Украина беа повик за будење за Европа, она што се случува со изборите и изјавите на новата администрација на претседателот Доналд Трамп ја туркаат ЕУ да биде пообединета и поактивна, да одговори на прашањата на колективната безбедност“, рече Макрон.
Гувернерот на француската централна банка, Франсоа Вилерој де Галхау, рече дека царините на Трамп се многу брутални и особено тешко ќе го погодат автомобилскиот сектор. „Сите губат во овој тип на протекционистичка трговска војна“, изјави тој за радиото „Франс инфо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

