Свет
Француски политиколог: Непредвидливоста на Трамп може да биде можност за Украина

Непредвидливоста на американскиот претседател Доналд Трамп може да биде можност за Украина, но неговите потези се диктирани од лични мотиви, а не од стратешка визија, изјави Бруно Тертрејс, заменик-директор на Француската фондација за стратешки истражувања во интервју за „Укринформ“.
„Зборовите на Трамп ја оддаваат повредената лична гордост и огорченоста поради таков став кон Соединетите Американски Држави. Тој вели: Му дадов четири шанси, а тој ништо не направи. Она што е впечатливо е дека овој оклоп на самодоверба во сите прашања е исклучително тешко да се пробие бидејќи остатокот од светот долго време го доживува како понижување“, објасни францускиот политиколог.
Според него, Трамп размислува исклучиво за сопствениот имиџ, а не за тоа како другите го перципираат.
„Тој размислува само за тоа како се гледа себеси. За него, прашањето за самоперцепцијата е клучно. Ако тоа доведе до промена на американскиот став кон Украина и Русија, зошто да не? Сепак, убеден сум дека тој е многу поважен за себе отколку што е Америка за него. Во исто време, Путин знае дека сега има одреден прозорец на можности. Тој разбира дека Трамп може да го промени курсот во секој момент. Затоа Путин ќе инвестира сè што има“, рече Тертрејс.
Тој нагласи дека на Трамп му биле потребни шест месеци за да го промени својот став, но дека ова не треба да биде причина за голема радост бидејќи ова не е првпат јавно да покаже негодување од постапките на Путин. „Досега се потврдени само 17 противвоздушни системи, иако утрово Белата куќа разговараше за испорака на офанзивно оружје со долг дострел. Затоа мора да бидеме многу внимателни“, објасни Тертрејс.
Според него, самодовербата на Трамп дополнително се зголеми со претставувањето на трансферот на системот „Патриот“ како добар бизнис-потег.
„Всушност, тоа е успешен бизнис-потег за него. Затоа Марк Руте, генералниот секретар на НАТО, беше таму, бидејќи тој ќе ја координира оваа операција. Значи, Европејците ќе ги купат и ќе ги пренесат овие системи во Украина, а всушност немаат многу избор бидејќи тоа се американски системи и без дозвола од САД не може да направат ништо. Во исто време, тоа е уште еден показател за тоа колку лошо функционира меѓувладината координација во администрацијата на Трамп.
Еден американски функционер е разоткриен во овој процес. Тоа е Елбриџ Колби кого добро го познавам како поранешен аналитичар. Тој го блокира трансферот на оружје во Украина пред неколку недели бидејќи е премногу зафатен со оваа конфронтација со Кина. За него, сè мора да оди во Азија“, објасни тој.
Тој исто така верува дека непредвидливото однесување на Трамп би можело да биде можност за Украина.
„Сите се сеќаваме на ненадејното бомбардирање на Иран. Тој вети дека ќе почека 15 дена, а бомбардира по 3-4 дена. Може ли да го изненади светот? Да, апсолутно. За да се одврати, мора да бидете способни да изненадите. Кога го прашаа за можна кинеска инвазија на Тајван за време на кампањата во 2020 година, тој рече: „Не мислам дека Шји ќе го стори тоа“. Зошто? „Затоа што знае дека сум тотално луд“.
Тоа е фантастична изјава. Ако има едно позитивно нешто во меѓународното однесување на Трамп, тоа е неговата непредвидливост за неговите противници. До каде ќе оди оваа луда стратегија, набргу ќе дознаеме“, заклучи Тертрејс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски му предаде писмо до Трамп: „Не е за тебе, туку за твојата сопруга“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес му го предаде на американскиот претседател Доналд Трамп писмото од првата дама на Украина.
Зеленски моментално е во Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа, а со него се и клучни лидери на европски земји.
Тој му кажа на Трамп дека писмото е наменето за првата дама на Америка, Меланија Трамп.
„Мојата сопруга, првата дама на Украина, ми даде писмо. Не е за тебе, туку за твојата сопруга“, рече тој, пренесе „Си-ен-ен“.
Минатата недела, Трамп достави писмо од Меланија Трамп до рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Алјаска.
„Во денешниот свет, некои деца се принудени да носат тивка насмевка, недопрена од темнината околу нив“, стоеше во писмото, потпишано од првата дама на САД до Путин.
Зеленски на денешната средба со Трамп, јавно и’ се заблагодари на Меланија.
Свет
По критиките на претходната средба со Трамп, Зеленски овојпат доби комплименти за облеката

Денешната средба помеѓу лидерите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, се одвиваше во многу попријатен тон од претходната, а двајцата лидери во повеќе наврати и се шегуваа.
Новинарот Брајан Глен, кој го критикуваше Зеленски во февруари затоа што не носел одело, сега му рече: „Изгледаш фантастично во тоа одело. Се извинувам за нападот во февруари“.
На тоа, Доналд Трамп додаде: „И јас му го кажав тоа“, истакнувајќи дека Глен го „нападнал“ Зеленски минатиот пат.
Зеленски се насмеа и одговори: „Се сеќавам на тоа“, а потоа се пошегува дека Глен носел исто одело како и тогаш: „Јас се пресоблеков, ти не“.
Темата во што денес ќе се појави облечен Зеленски деновиве беше во фокус во Вашинтон.
Свет
Трамп до Зеленски: Ако сме во војна, значи нема избори?

Кога новинарите го прашаа дали е отворен за одржување избори во Украина, претседателот Володимир Зеленски одговори потврдно, но нагласи дека тоа може да се случи само во безбедни околности.
„Бидејќи за време на војна, не можете да одржувате избори“, рече Зеленски, додавајќи дека за тоа можеби ќе биде потребно примирје.
Според него, тоа треба да вклучува копно, море и воздушен простор за да се овозможат „демократски“ и „легални“ избори.
На тоа, американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Значи, велите дека не можете да имате избори за време на војна?
„Значи, да речеме за три и пол години – значи, ако случајно бидеме во војна со некого, повеќе немаме избори?“
Зеленски се насмеа, а Трамп се насмевна додека се прекинуваа еден со друг. Украинскиот претседател рече: „Дали ви се допаѓа таа идеја?“
Забелешката на Трамп се однесува на следниот американски изборен циклус, во кој тој во моментов не би можел повторно да учествува, според законот.