Контакт

Свет

Хакирани телефоните на десетици новинари на „Ал џезира“

Објавено пред

Личните телефони на речиси 36 новинари на „Ал џезира“ биле хакирани од владини оперативци кои користеле контроверзна алатка за шпионирање од озлогласената израелска група НСО за нивно шпионирање, тврди извештајот на една канадска истражувачка лабораторија. Извештајот, објавен во неделата од „Ситизен лаб“, истражувачка единица на Универзитетот во Торонто, специјализирана за компјутерска безбедност, тврди дека телефоните што им припаѓале на вработените во медиумската мрежа со седиште во Катар, вклучително и новинари, продуценти, водители и директори, биле компромитирани и хакирани во јули и август годинава.

dobivaj vesti na viber

Нападот им овозможил на сторителите да ги заразат телефоните со шпионски софтвер без новинарите сами да мораат да стиснат на малициозни врски за што „Ситизен лаб“ смета дека се одговорни владини оперативци од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Во својот извештај „Ситизен лаб“ вели дека тајните техники употребени во нападот биле софистицирани и затоа биле тешко откриени бидејќи хакираните често не биле свесни дека се случува нешто сомнително.

Хакирањето можеби и овој пат ќе останело неоткриено да не бил репортерот на мрежата на арапски јазик, Тамер Алмишал, кој алармирал дека неговиот телефон е шпиониран и им дозволил на истражувачите да го следат неговиот сообраќај преку интернет почнувајќи од јануари 2020 година. Неколку месеци подоцна, во јули, истражувачите го забележале неговиот личен телефон како посетува веб-страница, каде што се заразил со шпионскиот софтвер „Пегасус“ на НСО, без Алмишал да стисне на линкот.

Откритието поттикнало масовно пребарување за можни други жртви меѓу вработените во „Ал џезира“, а на крајот „Ситизен лаб“ и информатичката единица на каналот идентификувале вкупно 36 лични телефони кои биле цел на четворицата оператори на групата НСО. Еден од нив, кој групата го нарекла „Монархија“, наводно прислушувал 18 телефони, а друг – наречен „Подмолен сокол“ – шпионирал 15 телефони.

Групата верува дека „Монархија“ дејствувал по наредба од Ријад бидејќи се чини дека се таргетирани лица, пред сè, во Саудиска Арабија, а „Подмолен сокол“ се фокусирал на оние новинари што првенствено биле во ОАЕ. Истражувачите рекоа дека безбедносната дупка што го олеснила пробивањето била затворена со ажурирањето на IOS 14 објавено во септември, но истакнаа дека дотогаш, најверојатно, била искористена во големи размери.

Израелската група НСО изјави за „Гардијан“ дека ќе ги преземе сите неопходни чекори ако добие веродостојни докази дека се злоупотребени нејзините шпионски алатки. Не е првпат производителот на шпионската програма „Пегасус“ да се најде во центарот на вниманието во врска со обвинувањата дека неговата технологија била користена против новинарите. „Амнести интернешнл“ во јуни годинава објави дека наградуваниот новинар од Мароко, Омар Ради, бил жртва на истиот шпионски софтвер во напад неверојатно сличен на оној опишан од „Ситизен лаб“.

Минатата година „Вацап“ потврди дека десетици индиски адвокати, новинари и активисти за човекови права биле меѓу 1.400 корисници нападнати од шпионскиот софтвер. И покрај постојаната полемика за НСО, израелски суд во јули застана на страната на фирмата и на израелското Министерство за одбрана во случајот поведен од „Амнести интернешнл“, кој побара забрана за меѓународна продажба на софтверот.

 

Свет

(Видео) Украина и Русија разменија заробеници

Објавено пред

Украина и Русија денес одржаа нова размена на воени затвореници според јунскиот договор, без да го откријат нивниот број.

dobivaj vesti na viber

Двете земји неколку пати разменија воени затвореници во последните недели, што е единствената област на соработка меѓу двете завојувани страни кои не постигнуваат напредок во мировните преговори, според медиумите.

„На 4 јули, нова група руски војници се врати од територијата контролирана од режимот во Киев“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Објави видео на кое се прикажани околу петнаесет војници опкружени со знамиња и извикуваат „Русија“ во автобус.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, ја потврди размената, велејќи дека повеќето од затворениците биле во руско заробеништво од 2022 година, вклучувајќи и цивили.

„Размените мора да продолжат. Целта на Украина е да ги ослободи сите наши сонародници притворени во Русија“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.

На 2 јуни, Киев и Москва се согласија да ги ослободат сите воени заробеници под 25 години и тешко ранетите, како и да ги вратат останките на паднатите борци, што беше единствениот позитивен исход од разговорите во Истанбул.

Двете страни неодамна престанаа да откриваат информации за ослободените затвореници.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп на митинг: Демократите ме мразат, но и јас ги мразам, не можам да ги поднесам

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно предизвика бран реакции со шокантна изјава, пишуваат светските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Тие ме мразат, но и јас ги мразам“.

Зборувајќи на митинг во Ајова, Трамп коментираше за фактот дека демократите не го поддржаа неговиот закон, кој го нарекува „одличен, прекрасен закон“. Во таа пригода, тој рече: „Тие го мразат Трамп, но и јас ги мразам, знаете? Навистина не можам да ги поднесам. Бидејќи верувам дека ја мразат нашата земја“.

Изјавата веднаш предизвика остри реакции, особено од демократската страна. Ова не е прв пат Трамп да користи слична реторика кон политичките противници. Така, неодамна го нарече демократскиот кандидат за градоначалник на Њујорк, Мамдани, „луд комунист“, според написите во медиумите.

Конгресот вчера го одобри законот на Трамп, кој демократите го нарекоа „одвратна гнасотија“. Трамп тврди дека ќе ја зајакне Америка со даночна реформа и инвестиции во војската и безбедноста, додека демократите предупредуваат на укинување на бројни социјални мерки, даночни олеснувања за најбогатите и дополнително зголемување на огромниот американски јавен долг.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски се договорил со Трамп за зајакнување на заштитата на украинското небо

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека за време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега, Доналд Трамп, се согласил да „ја зајакне заштитата“ на украинскиот воздушен простор по новиот масовен напад од страна на руски беспилотни летала и ракети.

dobivaj vesti na viber

„Разговаравме за опциите за противвоздушна одбрана и се согласивме да работиме заедно за зајакнување на заштитата на воздушниот простор“, рече Зеленски на Телеграм и додаде дека разговорот бил значаен.

Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, изјави претходно денес дека телефонскиот разговор меѓу Зеленски и Трамп „бил многу важен и богат“.

Трамп претходно разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, но немаше напредок кон прекинување на руската војна во Украина, пренесуваат светските агенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ8 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ8 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија9 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија11 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија11 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ12 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија14 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија14 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија16 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ16 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ17 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија17 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион17 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа19 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион20 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија20 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија21 час

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...