Контакт

Свет

Хамас ослободи брат и сестра, дури по излегувањето дознале дека мајка им е убиена

Објавено пред

Ноам и Алма Ор беа заробени 50 дена во Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие, според нивните раскажувања, постојано размислувале како ќе ја видат својата мајка откога ќе бидат ослободени, а од која биле разделени на 7 октомври за време на нападот на Хамас.

Но, кога Ноам (17) и Алма (13) биле ослободени во саботата, дознале дека мајка им е убиена.

„Мојата сестра, нивната мајка, беше убиена на 7 октомври. Децата не го знаеја тоа. Мислевме дека се киднапирани заедно, но не, тие беа разделени од почетокот“, изјави вујко им Ахал Бесораи за Си-ен-ен.

„Кога ја преминаа границата и повторно ги видоа својата баба и постариот брат, дознаа дека мајка им повеќе не е жива. Тоа беше многу трауматично за нив. Татко им е исчезнат, веруваме дека е приведен во Газа“, додаде тој.

Европа

Драма во Неапол: се урна дел од патот, автомобили паднаа во провалија, жителите евакуирани од блиската зграда

Објавено пред

Во неаполскиот кварт Вомеро утрово се урна дел од патот и две возила, од кои едното паркирано, а другото во движење, паднале во провалија, но патниците не се здобиле со сериозни повреди.

dobivaj vesti na viber

На луѓето во автомобилите им помогнале војници ангажирани на патиштата, кои им помогнале на патниците да излезат од бездната, пренесува Анса. Според првите проверки се чини дека дошло до колапс на канализација, некои делови од Вомер останале без вода, а жителите се евакуирани од една зграда.

Во една од околните улици течела вода од балконот, а неколку станови биле поплавени.

Адвокатот Анџело Писани, претседател на здружението на потрошувачи „Нои Конзуматори“, рече дека урнатиот пат е привремено затворен и додаде дека не е првпат ваков инцидент да се случи во Неапол.

Посочи дека граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедно поради дупките на коловозите и заклучи дека поради лошата контрола, водата истекува под земја и со тоа предизвикува големи штети на патиштата.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Герасимов ги посети руските војници, им го честиташе освојувањето на Авдиивка

Објавено пред

Началникот на ГШ на руската армија, Валери Герасимов ги посети трупите кои се борат во војната во Украина за да разговараат за следните чекори по заземањето на градот Авдиивка, јавија денеска државните медиуми, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Владимир Путин вчера изјави дека руските трупи дополнително ќе вршат притисок во Украина за да го надградат својот успех на бојното поле по падот на градот Авдиивка, каде што украинските војници беа принудени да се повлечат.

Во видеото на Министерството за одбрана, Герасимов е прикажан како доделува медали на руските војници кои учествувале во заземањето на Авдиивка и добива извештај од командантот задолжен за рускиот напад на Авдиивка, генерал-полковник Андреј Мордвичев, соопштија државните медиуми.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба претходно изјави дека Авдиивка немаше да падне доколку Киев го добиеше оружјето што не пристигнало поради застојот во американскиот Конгрес, кој се уште не одобрил голем пакет помош за Украина.

Прикажи повеќе...

Свет

Сноуден: Не можевте да го спасите Навални, но можете Асанж

Објавено пред

Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден му порача на „секој политичар и новинар“ дека иако не можеле да го спасат рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, сега можат да го спасат основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се соочува со можна екстрадиција во САД.

dobivaj vesti na viber

„Тие му велат на секој политички лидер и новинар кој држи и пишува говори: „Не можевте да го спасите Навални. Но сè уште можете да го спасите Асанж. Ако молчите сега, кога всушност можете да влијаете на исходот, никогаш не сте застанале во одбрана на принципите, само се надевавте на аплауз“, напиша Сноуден на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека „жртвата на „злосторството“ (новинарството) на Асанж е државата, а не личноста“.

„Тоа е дефиниција за политички престап, што договорот за екстрадиција меѓу САД и Велика Британија изречно го забранува“, рече Сноуден, кој е во Русија од 2013 година, каде што доби азил и државјанство откако објави серија тајни документи за Американски и британски програми за мониторинг.

Првиот ден од сослушувањето во врска со жалбата на Асанж против одлуката за екстрадиција на САД заврши во вторникот во Високиот суд во Лондон. Адвокатите на основачот на „Викиликс“ изјавија дека се работи за политички мотивиран случај и дека на нивниот клиент му биле прекршени човековите права.

Продолжението на судењето е закажано за денеска, кога пред судот ќе се обратат американските адвокати. САД бараат екстрадиција на Асанж за објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на ОК одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека може да изврши самоубиство во американски затвор поради лошо ментално здравје.

Порталот „Викиликс“ на Асанж стана познат во 2010 година кога објави видео од американската армија во кое десетици луѓе, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс, беа убиени во напад на хеликоптери „Апачи“ во Багдад во 2007 година.

После тоа, беа објавени илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи во кои САД ги критикуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство.

Во САД, Асанж е обвинет за шпионажа по 17 точки, а доколку биде прогласен за виновен, може да добие и до 175 години затвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Цените за катастарските услуги удрија по џебот на граѓаните: поскапувањето не е за 300, туку за 90 отсто

Според претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи, Никола Рибароски најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар...

Македонија22 минути

Вкупно 56 потврдени случаи на голема кашлица, во следните недели се очекува зголемен број кај повозрасните

По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски кажа дека состојбата со големата кашлица е под...

Македонија58 минути

Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини...

Македонија4 часа

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија4 часа

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...

Свет6 часа

Кина остро ги критикува САД поради ставеното вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара...

Европа6 часа

Западните лидери го обвинија Путин за смртта на Навални, Трамп не: „Можеше да остане настрана“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Алексеј Навални бил многу храбар човек кој веројатно не требало да се...

Свет6 часа

Ники Хејли: Трамп е премногу стар

Кандидатката за републиканска номинација Ники Хејли вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања, велејќи дека нема намера да се...

Регион6 часа

(Видео) Протест во Албанија, фрлени „молотови коктели“ врз зградата на владата: „Го рушиме режимот на Рама“

Демонстрантите од опозицијата вчера фрлаа молотови коктели и камења врз зградата на албанската влада, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност...

Европа16 часа

Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската...

Македонија18 часа

ЗНАМ в четврток ќе избере лидер на партијата и кандидат за претседател на Македонија

Партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија на денешната прес конференција го најави првиот Конгрес, што ќе се одржи на 22 февруари...

Македонија18 часа

„Леонид не е на лекување во странство, туку на рехабилитација, затоа се одби барањето“, велат од ФЗО

„Барањето на осигуреното лице Б.И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како...

Топ20 часа

Скопјанка почина на паркинг во Кисела Вода, телото е дадено на обдукција

Вчера околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачје на Кисела Вода во Скопје починала...

Македонија22 часа

(Видео) Поради ставот „да прооди, да прозборува, па ќе го вакцинираме“, ни се заканува и епидемија на морбили

Лекарите се едногласни во ставот дека одлагањето на вакцините е причина за сегашната епидемија на голема кашлица и предупредуваат дека...

Економија23 часа

На четиричлено семејство му се потребни приближно 1.000 евра за да го преживее февруари

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат...

Македонија23 часа

Бојмацалиев: Стигнати се 20.000 обрасци за пасошите, до крајот на месецот се очекува поголема пратка

Во Министерството за внатрешни работи стигнати се 20.000 обрасци, а до крајот на месецот се очекува да стигне дополнителна поголема...

Македонија1 ден

Ахмети нема да прифати да биде претседател на држава, не му е приоритет да се натпреварува за било која функција, вели Џафери

Ахмети има мисија а не е претендент за функција, истакна техничкиот премиер Талат Џафери одговарајќи на новинарско прашање за можноста,...

Македонија1 ден

Убиен млад Македонец во Германија: го претепале до смрт со пивско шише

32-годишен маж од Македонија е убиен во германскиот град Есен, а како што пренесуваат локалните медиуми, младиот Македонец бил претепан...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун доби подарок автомобил од Путин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби подарок автомобил од рускиот претседател Владимир Путин „за лична употреба“, објавија државните медиуми, што претставува...

Македонија1 ден

Власта во заминување во очај и паника дава 46 милиони евра на омилената фирма „Марковски“, ЈО веднаш да отвори истрага, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„46 милиони евра одат во џебот на фирмата ‘Марковски’ за ископ на јаглен во РЕК ‘Битола’, која важи за блиска...