Свет
Хан бара ослободување на украинските морнари
Европскиот комесар, Јоханес Хан, побара од Русија да ги ослободи морнарите и бродовите што вчера беа запленети во близина на теснината Керч.
„Развојот на ситуацијата во Азовското Море е неприфатлива. Русија мора веднаш да ги ослободи екипажот и пловилата, а на повредените да им укаже медицинска помош. Керч мора да се отвори за пловилата непречено да минуваат. Важно е итно да дојде до деескалација“, порача Хан на „Твитер“.
Руските сили од вчера запленија три брода на украинската морнарица во керчската теснина помеѓу Црното и Азовското Море наведувајќи дека нелегално навлегле во руските територијални води.
Европскиот комесар повика на отворање на преминот, иако генералниот директор на кримското пристаниште, Алексеј Волков, претходно денеска изјави дека пловидбата низ оваа теснина се одвива нормално, пренесе ТАСС.
Во меѓувреме во Украина е воведена вонредна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) 24-годишник застрелан пред зграда во Белград, се бори за живот. напаѓачот е во бегство
Во Белград е во тек голема полициска потрага откако 24-годишен маж беше застрелан на Канарево Брдо во неделата. Напаѓачот го пречекал пред зградата каде што живее, а тешко повредениот млад човек е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот, пишува Телеграф.рс.
Според сведоците, напаѓачот носел перика и бил виден во близина на зградата еден ден пред пукањето. Го застрелал младиот човек во градите додека се приближувал кон својот автомобил, а потоа избегал. Тешко повредениот 24-годишник бил итно примен во болница каде што бил опериран, но неговата состојба останува критична.
Белградската полиција започна голема операција наречена „Вихор 3“ во потрага по сторителот. Според Телеграф, напаѓачот наводно од претходно ѝ е познат на полицијата поради принуда и нанесување полесни повреди.
Пукањето предизвикало паника во соседството, особено затоа што во времето на нападот имало многу деца надвор. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Белград.
фото: принтскрин
Свет
Поранешен командант на британската морнарица: Русија би изгубила од НАТО во војна од големи размери
Поранешниот командант на британската морнарица, лорд Алан Вест, денес предупреди дека рускиот напад врз Украина ризикува да се претвори во целосен конфликт со западниот одбранбен блок и дека Велика Британија веќе „всушност е во војна со Русија“.
„Доста е тешко да се види како некој ќе излезе од овој конфликт бидејќи не сакаме целосна војна меѓу НАТО и Русија. Русија би изгубила – а опасноста од нивна загуба е прашањето дали потоа би ја направиле таа глупава грешка со нуклеарното оружје“, рече тој, објавува Дејли меил.
Поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, кој се појави во истиот подкаст, силно предупреди дека Велика Британија не е доволно подготвена за конфликт.
Свет
Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава-Лублин е саботажа
Експлозија што претставува чин на саботажа ја уништи железничката пруга Варшава-Лублин во неделата, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск.
„На линијата Варшава-Лублин (селото Мика) се случи чин на саботажа. Експлозијата на експлозивна направа ја уништи железницата“, напиша Туск на X, пренесува ПАП.
Во неделата наутро, машиновозачот пријавил неправилности на железничката инфраструктура во областа Жичина по телефон, а според полицијата во тој округ, прелиминарниот преглед на пругата открил оштетување на еден дел, кое било предизвикано од експлозија.
Фото: принтскрин

