Свет
Хаос во Еквадор: Демонстрантите палат и крадат сè што ќе стигнат

Демонстрантите во Еквадор ги блокираа улиците, се судрија со полицијата и крадеа додека протестираа поради укинување на субвенциите за гориво.
Демонстрациите запалија гуми и ги блокираа улиците со гранки стебла, објави дневникот „Ел Комерцио“. Десетина камиони ги блокираа улиците.
Протести има и на други места во земјата, а домашните жители крадат во фабриките за млеко и на фармите за цвеќе. Автохтоното население презеде водство во протестите во покраината Котопакси за време на викендот, блокирајќи ги улиците во неколку региони, а објавено е дека пораснала цената на превозот и храната.
Во четвртокот пораснаа цените на горивата повеќе од двојно, по што Владата ги укина субвенциите на горивото, кои постојат веќе 40 години, со објаснување дека тие ја нарушуваат економијата на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Погреб на принцот Филип – Цела нација со една минута молк

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст, ќе биде погребан денеска по комеморацијата во капелата Свети Ѓорѓи во замокот Виндзор.
Поворката се упати кон капелата. Таа е предводена од најстарите деца на војводата, Чарлс и Ана, следени од Едвард и Ендру, потоа принцовите Вилијам и Хари.
Погребот ќе биде помал, според ограничувањата поради коронавирусот, од 30 гости на црковната служба. Кралицата и избраните членови на семејството ќе носат маски и ќе седат оддалечени два метра.
Претставници на вооружените сили низ целиот Комонвелт маршираа да ги заземат своите места. Бројот на воен персонал во службата е намален на 730 лица.
Пред церемонијата, ковчегот на Филип беше преместен од приватна капела во замокот Виндзор во Внатрешната сала на замокот, каде што ќе се одржи молитвата. Церемонијата ќе биде богата со симболика и ќе ги потсетува луѓето на животот на Филип во служба на кралското семејство и нацијата.
Гренадиерската гарда, вековен полк на британската армија, во која војводата од Единбург служеше како полковник повеќе од четири децении, го постави ковчегот на мртовечка кола што принцот помогна да се дизајнира.
Возилото, модифициран „Land Rover Defender“, ја предводи малата поворка кон капелата Свети Ѓeорѓи, исто така на теренот на замокот Виндзор.
Свет
Меркел ја објави потврдата дека примила вакцина против Ковид-19

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја објави потврдата дека примила вакцина против коронавирус.
„Се радувам што денес ја добив првата доза на вакцината на ‘Астразенека’. Им благодарам на сите кои се ангажирани во кампањата за вакцинација и на сите кои се вакцинираат. Вакцинирањето е клучно за сузбивање на пандемијата“, напиша Меркел на „Твитер“.
Вакцината на „Астразенека“ во Германија се дава само на лица над 60-годишна возраст. Со ова Меркел испрати порака дека и натаму верува во оваа вакцина, коментираат германски медиуми.
Регион
Рама тврди дека го видел документот со промена на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесува Газета Експрес.
„Разговарав со него (Јанез Јанша) многу одамна. Исто така, го имам видено документот што беше објавен. Немам коментар“, рече Рама во емисијата „Избори 2021″.
Во четвртокот, словенечкиот портал Нецензурирано.си објави документ, кој наводно предлага ревизија на границата меѓу Косово и Србија, обединување на Косово без северниот дел со Албанија, обединување на делови од Црна Гора и Македонија каде мнозинството е албанско население со Албанија, можноста за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина и нејзино обединување со Србија, како и обединување на делови од западна Босна со Хрватска.
Европската унија повеќе пати повтори дека тие не знаат за таков документ.
Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, чија земја ќе претседава со Европската унија во втората половина на оваа година, изјави дека тврдењата за постоење на тој документ се насочени кон нанесување штета на Словенија во ЕУ.
„Словенија сериозно бара решенија за развој на регионот и европската иднина за земјите од Западен Балкан и ваквите пишувања се обидуваат да ја спречат оваа цел“, објави Јанша на социјалните мрежи.
Тој вчера изјави дека не постои документ со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот.
Копија од наводниот документ беше објавена на англиски јазик од словенечкиот портал, но без да се објасни кој го составил и на кого бил упатен, пишуваат агенциите од регионот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш