Контакт

Европа

Хари и Ендру нема да присуствуваат на настанот на балконот на Бакингемската палата

Објавено пред

Кралицата Елизабета планира следниот месец да присуствува на големите прослави по повод нејзиниот платинест јубилеј, 70 години на британскиот трон, соопшти денеска Бакингемската палата.

dobivaj vesti na viber

Се наведува и дека двајца членови на кралското семејство, принцовите Ендру и Хари, ќе бидат исклучени од еден од традиционалните настани по тој повод, пренесува „Ројтерс“.

Кралицата Елизабета во февруари прослави седум децении на тронот, а на почетокот на јуни оваа прослава кулминира со четиридневниот викенд „Платина јубилеј“ во Велика Британија.

Елизабета (96) има проблеми со движењето, а повеќето нејзини јавни ангажмани мораше да бидат откажани, но Бакингемската палата објави дека кралицата планира да биде на многубројни настани, наведува британската агенција.

„Нејзиното височество со нетрпение го очекува викендот и ќе учествува на прославата, но нејзиното присуство нема да биде потврдено додека не се приближи времето, па дури и самиот тој ден“, изјави портпаролот на палатата.

Четирите дена на прославување почнуваат на 2 јуни со годишна воена парада во центарот на Лондон по што ќе следува служба за Денот на благодарноста во катедралата „Свети Павле“, концерт пред Бакингемската палата и свечена поворка во британската престолнина во наредните денови.

Една од карактеристиките на овие настани е собирањето на кралското семејство, кое гледа и мавта од балконот на палатата, наведува „Ројтерс“.

Но, кралицата одлучила нејзиниот син, принцот Ендру, и внукот, принцот Хари, кој дал оставка од јавната функција, да не бидат на балконот.

„По внимателно разгледување, кралицата одлучи дека годинешниот традиционален настап на балконот ќе биде ограничен на нејзиното височество и на оние членови на кралското семејство, кои моментно преземаат службени јавни должности во име на кралицата“, изјави портпаролот на палатата.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган најавија дека ќе присуствуваат на прославите по повод 70-годишнината од тронот на кралицата Елизабета во јуни, соопшти денеска неговиот портпарол.

„Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, се возбудени и почестени што присуствуваат на платинестиот јубилеј на кралицата со нивните деца овој јуни“, се вели во соопштението на портпаролот, пренесе „Ројтерс“.

Европа

Рации во Германија, запленет кокаин вреден една милијарда евра

Објавено пред

Германската полиција изврши координирани рации во седум сојузни држави и заплени кокаин вреден милијарди евра.

dobivaj vesti na viber

Истражителите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија, пишува „Билд“.

Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени.

Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија.

Засега не се познати повеќе детали ниту, пак, кој е приведен. Јавното обвинителство на Диселдорф вели само дека операцијата со кодно име „Плексус“ ја извршил заеднички тим на царински и полициски инспектори за наркотици од Штутгарт, Карлсруе и Северна Рајна-Вестфалија.

Прикажи повеќе...

Европа

НАТО воспоставува мисија која ќе ѝ помогне и ќе ја оспособи Украина

Објавено пред

Министрите за одбрана на НАТО денеска ќе се сретнат во Брисел на вториот ден од разговорите за официјализирање на поддршката на трансатлантската алијанса за Украина.

dobivaj vesti na viber

Земјите на НАТО досега ја координираа поддршката за Украина преку неформалната контакт-група за одбрана на Украина, предводена од САД. Сега членките разговараат за начините за префрлање на оваа одговорност на формалните структури на НАТО.

Се очекува министрите да го одобрат планот за мисијата наречена „НАТО безбедносна помош и обука за Украина“ (НСАТУ), која веќе е одобрена на пониско ниво, изјавија за ДПА извори од алијансата.

НСАТУ првпат ќе ја надгледува официјалната координација на НАТО за воената помош за Украина. Покрај тоа, „ќе работиме на тоа како дополнително да ги зајакнеме нашите одбранбени способности“, изјави за новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во четвртокот.

„Министрите ќе разговараат за новата посветеност на одбранбената индустрија за зголемување на военото производство и зајакнување на долгорочната соработка со индустријата“, рече генералниот секретар.

Денешните разговори се последна средба на министрите на НАТО пред лидерскиот самит што треба да се одржи во Вашингтон во јули. Таму Столтенберг сака земјите од НАТО да се договорат за план за долгорочно одржување на сегашното ниво на поддршка за Украина, кое тој го проценува на 40 милијарди евра годишно. Товарот ќе биде поделен врз основа на БДП на земјите од НАТО, при што САД ќе придонесат со 50 отсто, рече Столтенберг во четвртокот.

Сегашниот договор на НСАТУ не вклучува никакви конкретни финансиски обврски, но предвидува заедничката помош барем да биде координирана од НАТО.

Прикажи повеќе...

Европа

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Објавено пред

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во ноќниот напад.

dobivaj vesti na viber

Силите за воздушна одбрана соборија седум од 10 крстосувачки ракети Kh-101/Kh-555. Во својот напад, Русија лансираше и три балистички ракети Искандер-М и една балистичка ракета Кинжал лансирана од воздух.

Украинската армија собори цели во седум региони. Гувернерот на областа Запорожје изјави дека проектилот погодил отворен простор без штета и дека веднаш биле пријавени загуби.

Воздухопловните сили, исто така, уништија пет беспилотни летала над регионот Дњепропетровск, рече гувернерот, без извештаи за штета или жртви.

Во исто време, Русија соопшти дека во текот на ноќта соборила 87 украински беспилотни летала, од кои 70 биле насочени кон Ростовската област (југ), каде што се наоѓа седиштето на руската операција во Украина.

„Во текот на ноќта беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со помош на дронови од воздух“, соопшти руското Министерство за одбрана, наведувајќи дека „вкупно 87 украински беспилотни летала се соборени над руските региони“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ3 часа

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија4 часа

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа4 часа

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет4 часа

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион4 часа

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион21 час

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија21 час

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија23 часа

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија1 ден

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија1 ден

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија1 ден

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија1 ден

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија1 ден

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет1 ден

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет1 ден

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет1 ден

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија2 дена

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство, ќе го откочиме патот

Мандатарот за состав на нова влада, Христијан Мицкоск, очекува Македонија фуриозно да влезе во Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање...