Свет
Хенри Кисинџер почина на 100-годишна возраст

Хенри Кисинџер, контроверзниот нобеловец и моќен дипломат, почина во средата на 100-годишна возраст, соопшти неговата геополитичка консултантска фирма „Кисинџер асошиејтс“.
Хенри Кисинџер, неговото првобитно име е всушност Хајнц Кисинџер, е роден во Фирт, на северот на Баварија, во семејство со еврејско потекло. Татко му бил учител. Семејството ја напуштило тогашна нацистичка Германија во 1938 година.
Тој стана државјанин на САД во 1943 година, а докторирал на „Харвард“ во 1954 година и до 1971 година работеше таму.
Од 1957 година беше на функцијата советник на Нелсон Рокфелер. Потоа, во 1968 година, тој стана советник на претседателот Ричард Никсон, задолжен за национална безбедност, што ќе трае дури и за време на Џералд Форд. Бил државен секретар, односно министер, од септември 1973 до јануари 1977 година. САД тогаш, како што изгледаше, се најдоа заглавени од ситуацијата во Индокина, нешто што изгледаше како ќор-сокак во Виетнамската војна, ситуацијата на Блискиот Исток, но и на други места, во Латинска Америка, Африка, па дури и во Европа.
Во тие години влијанието на советската држава, или барем идеологијата, растеше во целиот свет. Не само во земјите што беа соочени со проблемот на деколонизација, секоја на свој начин, туку таквите идеи станаа општо присутни во академските кругови на Западна Европа.
Кисинџер потоа решава да направи нешто што претходно изгледало невозможно. Од средината на 1971 година постепено воспоставува посебни односи со властите на комунистичка Кина. Кисинџер го посетува Пекинг, најпрвин неформално подготвувајќи ја официјалната посета на Никсон на Кина, што ќе доведе до нормализирање на односите меѓу двете големи земји. Иако ова значително не ја олесни позицијата на САД во Индокина, тоа помогна да се зголеми нерамномерноста во блокот.
Потоа постигна договори со официјална Москва за ограничување на стратешкото оружје (договор SALT 1 и ABM).
Еден вид успех, со горчлив вкус, беше и Парискиот мировен договор во јануари 1973 година. Добитник е на Нобелова награда.
Кисинџер беше активен и годинава по прославувањето на стотиот роденден. Тој присуствуваше на состаноците во Белата куќа, објави книга за стилови на лидерство и сведочеше пред комисијата на Сенатот за нуклеарната закана од Северна Кореја.
Во јули 2023 година тој ненадејно го посети Пекинг за да се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.