Свет
Холандија воведува строги мерки, затвора кафулиња и ресторани, нема алкохол по 20 часот
Холандскиот премиер, Марк Руте, објави дека земјата мора да се врати во делумна блокада за да се спречи ширењето на коронавирусот.
„Денес, најавуваме нови и строги мерки и, всушност, се движиме кон делумна блокада“, рече Руте на прес-конференција.
Баровите и рестораните се затвораат, но ќе биде можно да се подигнат нарачки и да се врши достава.
Ќе бидат забранети јавни собири на повеќе од четири лица, а забранета е и продажба на алкохол навечер.
Руте рече дека мерките, кои ќе траат најмалку четири недели, стапуваат во сила в среда, а ефектите по две недели ќе бидат разгледани.
Доколку тие се неефикасни, може да се воведат уште построги ограничувања, рече министерот за здравство, Хуго де Јонге.
Училиштата ќе останат отворени и јавниот превоз е во функција, спротивно на мерките што беа воведени за време на делумната блокада на почетокот на оваа година.
Носењето маски ќе биде задолжително во затворен простор за сите лица на возраст од 13 години и постари.
Рекордни 7.400 случаи беа регистрирани во вторникот. Во земјата со 17 милиони жители има повеќе од 187.000 заразени.
Владата на премиерот Марк Руте не сака да воведе мерки кои може да му наштетат на кревкото економско закрепнување, но здравствените експерти почнаа да вршат притисок врз владата да преземе мерки за да се спречи нарушување на здравствениот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

