Европа
Холандија в среда ќе почне со вакцинирање против Ковид-19, последна во ЕУ

Холандија одлучи дека вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне в среда, два дена порано од планираното, соопшти владата на Холандија, која е последна во Европската Унија што почна со кампања за вакцинација.
Персоналот на болниците, кој е во контакт со пациентите со Ковид-19, ќе биде првиот што ќе се вакцинира, заедно со вработените во домовите за пензионери на југот на земјата, објавија здравствените власти.
Почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 е поместен два дена порано во однос на 8 јануари, како што беше најавено, соопшти Министерството за здравство.
Од почетокот на вакцинацијата во Европа на 27 декември, некои земји беа цел на остри критики за бавното темпо на вакцинација, особено Франција.
Во првата недела од кампањата за вакцинација, која се фокусира на домови за стари лица, Франција вакцинира 516 лица.
Но, Холандија доцни уште повеќе: првите вакцинации се закажани речиси две недели по почетокот на вакцинацијата во ЕУ и еден месец по почетокот на кампањата во Велика Британија.
Министерот за здравство, Хуго де Јонг, во парламентот ќе ги презентира причините за ваквото одложување. Властите досега ги наведуваа логистичките тешкотии и потребата државните органи да ја одобрат вакцината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Тепачка во чешкиот парламент, полицијата ќе ги казни учесниците кои не носеле маски

Дебата во долниот дом на чешкиот парламент денеска се претвори во тепачка.
Откако му беше исклучен микрофонот поради искажани навреди, Лубомит Волни, независен пратеник од листата на чешки радикални националисти, влезе во борба со претседателот Томаш Ханзел од редовите на социјалдемократите.
На крајот, обезбедувањето го избркало Волни од салата, а полицијата го истражува кршењето на мерките за заштита од коронавирусот, како и одбивањето на Лубомит Волни и неговиот колега Маријан Бојко да носат маски.
Во Чешка, кршењето на мерките се казнува со 400 евра.
Европа
Меркел: Mи се крши срцето кога ќе помислам колку многу луѓе умреа во самотија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е силно емотивно погодена од големиот број смртни случаи во домовите за стари лица, за време на пандемијата од коронавирусот.
„Срцето ми се крши кога ќе видам колку луѓе… починаа таму во самотија“, изјави Меркел пред новинарите во Берлин. „Емотивно гледно, мене тоа ми падна многу тешко“, призна таа.
Бројот на смртни случаи во пандемијата во Германија е зголемен за три пати од почетокот на декември, искачувајќи се на речиси 50.000 смртни случаи, поврзани со инфекција од коронавирус.
Вториот бран на пандемијата од Ковид-19 особено ги погоди домовите за стари лица.
Канцеларката исто така ја бранеше одлуката на Германија да се приклучи на заедничката иницијатива за набавка на вакцини во Европската Унија и ги отфрли тврдењата дека нејзината земја не обезбедила доволно вакцини за свои потреби.
Меркел им изјави на новинарите дека би било навистина многу ужасно доколку Германија почнела со вакцинирање додека другите, економски послаби земји, само стојат отстрана и чекаат.
Европа
(Видео) 15 мртви во пожар што избувна во украински дом за стари лица

Најмалку 15 лица загинаа, а пет се повредени во пожар во приватен дом за стари лица во источниот украински град Харков, соопштија денеска службите за итни случаи. Деветмина луѓе успеале да се спасат.
Пожарот избувнал на вториот кат од двокатната зграда во 15:03 часот по локално време. Во објектот имало 33 лица, соопштија службите.
BREAKING – At least 15 people were killed and five injured in a fire in a nursing home in the town of #Kharkiv in eastern #Ukraine
Follow @newsistaan pic.twitter.com/hhCcgCy3Zw
— Newsistaan (@newsistaan) January 21, 2021
На фотографиите се гледа дека зградата има решетки на прозорците на првиот кат.
Пожарот бил изгаснат во 16:14 часот, а во гаснењето учествувале 28 пожарникари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од министерот за внатрешни работи да отвори истрага за инцидентот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот