Свет
Холандски гинеколог им ја вшприцувал својата сперма на пациeнтките, па станал татко на 17 деца
Гинеколог од Холандија цели 13 години со својата сперма вештачки оплодувал жени кои мислеле дека донаторот е анонимен и така станал биолошки татко на 17 деца, соопшти денеска болницата во која работел.
Јан Вилдшут, кој сега е починат, работел во болница во градот Своле, на северот на Холандија, од 1981 до 1993 година. Најмалку 17 деца биле зачнати со вештачко оплодување oд спермата на докторот, кој инаку бил семеен човек и имал свои деца, изјавија од болницата осудувајќи ја неговата практика како морално неприфатлива.
Институцијата, која порано се нарекувала „Софија“, не ја исклучи можноста Вилдшут да е биолошки татко на повеќе деца.
Болницата, која дознала за бизарната навика на својот лекар на крајот на 2019 година, одлучи јавно да соопшти за случајот со согласност на неговото семејство и децата родени под негов надзор.
Постапките на лекарот биле откриени случајно кога едно од децата открило дека има слична ДНК како внукот на гинекологот, кој починал во 2009 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

