Свет
„Хјуман рајтс воч“: Саудиска Арабија измачува и убива мигранти во центарот за депортација
„Хјуман рајтс воч“ ги повика властите на Саудиска Арабија да престанат со нехуманиот третман на стотици мигранти во Центарот за депортација во главниот град Ријад, пренесува „Инфо мајгрантс“. Во извештајот проследен со видеоснимки, објавен од страна на „Хјуман рајтс воч“, се наведува дека администрацијата на Саудиска Арабија држи стотици мигранти, повеќето од нив граѓани на Етиопија, во понижувачки и нехумани услови во главниот град Ријад.
Се посочува дека телефонски е разговарано со седуммина мигранти од Етиопија сместени во Центарот за депортација во Ријад и двајца мигранти од Индија, кои биле приведени во истиот центар, а потоа биле депортирани со образложение дека немаат дозвола за работа и престој. Од извештајот се дознава дека стотици луѓе се чуваат во центарот во пренатрупани простории, заедно со купишта отпад во еден агол.
„Сите мигранти со кои контактира ‘Хјуман рајтс воч’ истакнаа дека властите на Саудиска Арабија ги држеле со месеци во валкани и преполни простории заедно со други 350 мигранти во центарот дури и повеќе од една година. Мигрантите раскажаа дека лежат едни врз други затоа што не можат да најдат место за да легнат. Снимките до кои стигнавме го потврдуваат она што го кажаа сведоците“, се наведува во извештајот.
Меѓу другото, во извештајот се додава дека мигрантите биле подложени на вербално и физичко мачење и закани од стражарите во Центарот за депортација.
„Бевме нападнати од стражари кои носеа различни униформи, а бевме сведоци и на тоа дека некои мигранти беа тепани со железни палки обвиени со пластика. Мигрантите кои бараа медицинска помош или имаа други поплаки беа тепани. Еден 27-годишен мигрант од Етиопија беше сведок на убиство на тројца мигранти во центарот. Две од трите лица животот го загубија веднаш од повредите здобиени како резултат на тепањето од стражарите. Третото лице почина подоцна“, истакнале мигрантите.
„И покрај тоа што кај некои мигранти биле забележани симптоми на Ковид-19, властите на Саудиска Арабија не презеле соодветни мерки“, се нагласува во извештајот и се повикува Саудиска Арабија да стави крај на нехуманите практики врз мигрантите.
Во извештајот се цитира и Надије Хардман, која работи во Дирекцијата за бегалци и мигранти на „Хјуман рајтс воч“.
„За Саудиска Арабија, една од најбогатите земји во светот, нема никакво оправдување со месеци да држи работници мигранти во вакви услови, во период кога заканата од епидемијата на Ковид-19 продолжува“, нагласи Хардман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

