Регион
Црна Гора отвори две и затвори едно поглавје

Црна Гора ги отвори преговарачките поглавја 1 и 22 за слободно движење на стока и за регионална политика и привремено го затвори поглавјето 30 за надворешните односи.
Министерот за европски рабори на Црна Гора, Александар Андрија Пејовиќ, рекол дека затворањето на поглавјето 30 е значаен пресврт во преговарачкиот процес.
„По две години успешна работа, во целост ја усогласивме нашата трговска политика со ЕУ со што заслуживме затворање на ова значајно поглавје и влез во нова фаза во преговарачкиот процес“, рекол тој.
Црна Гора по петгодишен преговарачки процес отвори 28 од вкупно 33 преговарачки поглавја и привремено затвори три.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Делегација предводена од бугарскиот в.д. вицепремиер Демерџиев ќе оддаде почит на гробот на Гоце Делчев во Скопје

Официјална делегација од Република Бугарија, предводена од вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, утре ќе положи венец и ќе му оддаде почит на гробот на Гоце Делчев во Скопје, се наведува во ставот на бугарското Министерство за надворешни работи.
Поводот е прославата на 151-годишнината од раѓањето на револуционерот.
Во согласност со дипломатската практика, бугарската амбасада во Скопје официјално ги известила властите во Северна Македонија со три вербални ноти – една од 2 февруари и две од 3 февруари, посочуваат од тамошното МНР.
Министрите за внатрешни работи на Бугарија и на С. Македонија се во постојан контакт, како и амбасадата на Бугарија во Скопје со македонското МНР, соопштија од бугарското МНР.
„Очекуваме властите на Република Северна Македонија да обезбедат непречен пристап до црквата Св. Спас“, каде што е гробот на Гоце Делчев, и на официјалната бугарска делегација и на Бугарите од Бугарија и Северна Македонија кои сакаат да се поклонат“, додаваат од бугарското Министерството за надворешни работи.
Оттаму соопштија дека Иван Демерџиев и заменик министерот Венцислав Катинов ќе положат цвеќе во дворот на црквата Свети Спас во Скопје.
Регион
Вучиќ: Србија не сака да влезе во НАТО, но љубоморно ја чува својата воена неутралност

Седницата на Собранието на Србија, на која се расправа за Косово продолжи со вербални пресметки, а српскиот претседател Александар Вучиќ упати низа навреди кон претставникот на Клубот на зелените Роберт Козма, јавуваат тамошните медиуми.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска на седницата на српскиот парламент дека Србија не е во атлантските интеграции и не сака да влезе во НАТО, туку љубоморно ја чува својата воена неутралност.
„Србија е на европскиот пат, а што се однесува до атлантските интеграции, Србија не сака да влезе во НАТО. Србија сака љубоморно да ја чува својата воена неутралност и да ја зајакне. Има разлика меѓу евроинтеграциите и атлантските интеграции“, нагласи претседателот на Србија, а пренесе Радио телевизија на Србија.
За време на седницата, Козма рече дека Александар Вучиќ се бори за лични интереси, а граѓаните на северот на Косово живеат во „владеење на стравот“.
„Десет години преговарате и постојано преговарате за останување на власт, а за граѓаните на Косово има се поголема неизвесност“, рече Козма.
Регион
Автобус излета од пат во Словенија, најмалку три лица загинаа

Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава на Помурската магистрала во Словенија, а во која учествуваше автобус со странски регистарски таблички.
Според неофицијални информации, се работи за автобус со романски регистарски таблички. Поради оваа сообраќајна несреќа, затворен е автопатот кон Мурска Собота, јави словенечката телевизија „Н1“.
Nesreča se je zgodila na pomurski avtocesti med Gančani in Mursko Soboto, v smeri Murske Sobote. V nesreči je bil udeležen avtobus romunske registracije.https://t.co/aBhBHKmmSr
— Delo (@Delo) February 3, 2023
Полициската управа на Мурска Собота соопшти дека неколку минути по 5 часот, на Помурската магистрала кај клучката Липовци кон Марибор се случила тешка сообраќајна несреќа. Во текот на полициската истрага на местото на несреќата бројот на загинати се искачи на три, а повредени се повеќе лица.
Сè уште не е позната причината за несреќата, пренесе „Блиц.рс“.