Контакт

Вести

Челникот на опозицијата во Конго почина во Брисел

Објавено пред

Челникот на конгоанската опозиција Етјен Тшисекеди ва Мулумба починал во средата во Брисел во 84-та година, објави ноќта кон четвртокот заменикот генерален секретар на неговата партија Бруно Тшибала.

Водачот на Унијата за демократија и социјален просперитет Етјен Тшисекеди ва Мулумба минатата седмица допатува во белгиската престолнина Брисел на медицински прегледи, објави конгоанскиот портал Politico.cd

Радиото France Internationale, пак, објави дека Тшисекеди бил хоспитализиран поради белодробна емболија.

Тшисекеди со децении ја предводеше опозицијата во Конго. Иако во 1990-те беше премиер во времето додека неговата земја, тогаш под името Заир, ја водеше Мобуто Сесе Секо,тој подоцна му се спротистави на неговото диктаторство.

Во последните месеци Тшисекеди водеше кампања против претседателот Жозеф Кабила, критикувајќи го неговото одбивање да отстапи од власта на крајот од својот втор мандат во декември.

Се очекува Кабила да остане на должноста до одржување на изборите, кои првично требаше да бидат одржани ланскиот ноември, а се очекуваат до крајот на годинава.

Конго, земја којашто има 71 милион жители, е една од најслабо развиените на светот.

Власта и опозицијата потпишаа на 31-ви декември политички договор, според кој би требало до одржувањето на претседателските избори до крајот на годината да профункционира преоден политички режим. Меѓутоа, преговорите за реализација на договорот и уште поконкретно за распределба на позициите во владата уште не се одржани.

Белгискиот министер за надворешни работи Дидие Реиндерс изразувајќи му сочувство на конгоанскиот народ поради смртта на Етјен Тшисекеди, изјави дека станува збор за „силна политичка фигура“ на Демократска Република Конго,која е заслужна за постигнувањето на договорот од 31-ви декември за кој рече дека е резултат на „неговите последни битки за почитување на уставот и демократијата“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава3 минути

Луѓето родени под овие два знака имаат повеќе среќа отколку памет

Среќата им е наклонета на храбрите, а овие хороскопски знаци се ориентирани кон преземање ризици. Астролозите тврдат дека овие два...

Спорт10 минути

Руските и белоруските спортисти повторно под своите знамиња

Руските и белоруските спортисти ќе можат повторно да се натпреваруваат под своите национални знамиња на меѓународни натпревари во пливање и...

Свет16 минути

Кси и Санчез ветија продлабочување на врските: „Светот е во хаос“

Кина и Шпанија денеска ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време...

Свет27 минути

Иран: Безбедноста во Ормускиот теснец е за сите или за никого

Неколку часа по воведувањето на блокадата, и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и...

Свет34 минути

Јужна Кореја очекува долгорочни нарушувања на енергетските пазари

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае Мјунг, изрази загриженост за последиците од војната во Иран, велејќи дека растечките тензии околу...

Свет39 минути

(Видео) Нетанјаху ја нападна Европа: Израел и САД се на чело на слободниот свет

Израел вчера започна со одбележување на Денот на сеќавањето на холокаустот, при што главната комеморација во Јад Вашем беше претходно...

Забава49 минути

Храната како најдобар третман против стареење: Овие намирници ја затегнуваат кожата подобро од кој било крем

Иако стареењето е природен процес, надворешните фактори како што се изложеноста на сонце и, најважно од сè, исхраната, играат голема...

Забава1 час

(Видео) Познатата манекенка не забава со милијардерот со кого има три сина

Миранда Кер уживаше во времето поминато со Еван Шпигел, со кого има три деца и со кого влезе во врска...

Забава1 час

(Фото) Какво тело: Манекенката плени во фустан наменет само за храбрите

Големиот музички фестивал „Коачела“ одамна започна, а познатите ѕвезди полека пристигнуваат. Хејли Бибер исто така неодамна привлече големо внимание. На...