Свет
Честитки од светските лидери по успешната мисија во тајландската пештера

Претседателот на САД, Доналд Трамп, германската канцеларка, Ангела Меркел, и британската премиерка, Тереза Меј, се меѓу долгата листа на светски лидери што упатија честитки по успешната спасувачка мисија на 12-те момчиња и нивниот тренер, кои од 23 јуни беа заглавени во пештера на Тајланд.
„Прекрасен момент, сите се спасени. Одлично завршена работа!“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Твитер“.
On behalf of the United States, congratulations to the Thai Navy SEALs and all on the successful rescue of the 12 boys and their coach from the treacherous cave in Thailand. Such a beautiful moment – all freed, great job!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) 10 July 2018
„Воодушевена сум што го проследив успешното спасување на оние што беа заробени во пештерата на Тајланд. Светот гледаше и ќе ја поздрави храброста на сите што беа вклучени“, напиша Меј на „Твитер“.
Delighted to see the successful rescue of those trapped in the caves in Thailand. The world was watching and will be saluting the bravery of all those involved.
— Theresa May (@theresa_may) 10 July 2018
Освен светските лидери, со честитка се приклучи и претприемачот Илон Маск, кој претходно денеска пристигна на Тајланд со својот изум мини подморница, која шефот на спасувачката мисија ја оцени како несоодветна за реализација на планот.
„Честитки за храброста и издржливоста на децата и нуркачкиот тим на Тајланд“, напиша Маск и додаде дека вестите се одлични.
Денеска беше последниот трет ден од спасувачката мисија на 12-те деца и нивниот тренер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Две лица загинаа, а 19 се ранети во четвртиот ирански напад врз Израел

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, во рамки на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија. Ова претставува одмазда за претходните напади на израелските воздухопловни сили врз ирански цели во четвртокот навечер.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека детектирале ракети истрелани од Иран и веднаш активирале одбранбени механизми. Во неколку израелски региони се огласија сирени, а жителите беа повикани да се засолнат.
„Израелските воздухопловни сили се во моментална операција за пресретнување на ракетите. Граѓаните мора да ги следат инструкциите и да останат во засолништа додека не се елиминира опасноста“, соопшти прес-службата на ИДФ.
Израелските медиуми известуваат дека експлозии се слушале во Тел Авив и Ерусалим. Медицинските служби потврдија дека најмалку две лица загинале, а 19 се ранети откако ракета погодила станбена зграда во централен Израел.
„Најмалку една жена е во сериозна состојба, а неколкумина се уште се под урнатините“, изјави Ели Бин, директор на „Маген Давид Адом“, израелската верзија на Црвениот крст.
Од друга страна, според израелскиот весник „The Jerusalem Post“, најмалку 63 лица се повредени од гранатирањето, додека поголемиот дел од иранските ракети биле соборени или не стигнале до целта.
Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.