Свет
(Видео) По 40 дена во џунгла најдени се живи четирите деца од авионската несреќа во Колумбија

Четири деца во Колумбија се пронајдени живи на југот на земјата повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла, изјави вчера колумбискиот претседател Густаво Петро.
Децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре, во близина на местото каде што се урнал малиот авион.
„Радост за целата земја! Четири деца кои исчезнаа и беа изгубени во колумбиската џунгла се пронајдени живи“, објави Петро преку Твитер.
Малиот авион Цесна 206 превезувал седум лица на патот меѓу Аракуара, државата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавиаре, град во државата Гуавијаре, но пријавил аларм за дефект на моторот во раните утрински часови на 1 мај.
Тројцата возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинале како последица на падот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Падот го преживеале четири деца на возраст од 13, 9 и 4 години, како и едно 11 месечно бебе.
Првичните информации од Управата за цивилно воздухопловство, која ги координирала напорите за спасување, сугерираат дека децата избегале од авионот и се упатиле во прашумата за да побараат помош.
Спасувачките тимови, со поддршка на кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје, кое наводно децата го јаделе и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунгла.
Во спасувачките операции учествуваа авиони и хеликоптери на колумбиската армија и воздухопловните сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Денеска погреб на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани во Врњачка Бања и Лепосавиќ.
Стефан Недељковиќ ќе биде погребан во Врњачка Бања, а граѓаните се поканети да се соберат на пумпата „Кнез Петрол“ на ова место во 11 часот.
Бојан Мијаиловиќ ќе биде погребан во 12 часот на локалните гробишта во Лепосавиќ, а во 14 часот на истото место во селото Граничане ќе биде погребан Игор Миленковиќ.
Потсетуваме, Недељковиќ, Мијаиловиќ и Миленковиќ беа убиени во конфликт меѓу локалните Срби и таканаречената косовска полиција на 24 септември во селото Бањска, на северот на Косово и Метохија.
Нивните тела дури вчера ги однеле нивните семејства од Институтот за судска медицина во Приштина, од каде биле пренесени во капелата во Рударе кај Звечан.
Регион
Лондон повика на дијалог меѓу Белград и Приштина

Државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Лео Дочерти, изрази задоволство што британските сили ќе придонесат за зајакнување на КФОР и рече дека тоа ја покажува посветеноста на Лондон кон НАТО и стабилноста на Западен Балкан.
На социјалната мрежа Икс (Твитер), Докерти повика на деескалација на ситуацијата на Косово и Метохија и нагласи дека единствениот одржлив пат за мир на Косово и Метохија е преку дијалог.
„Повикуваме на смиреност и деескалација од сите страни. Единствениот остварлив пат кон мирот во Косово е преку дијалог“, рече Докерти.
Британското Министерство за одбрана ја префрли командата на еден баталјон од својата армија на НАТО, за да може баталјонот да му пружи поддршка на Косово доколку е потребно, соопшти претходно министерството.
Свет
Фицо победи на парламентарните избори во Словачка

Словачкиот левичар и поранешен премиер Роберт Фицо победи на парламентарните избори во Словачка.
Тој ќе мора да ги придобие сојузниците за да ја формира следната влада, покажаа вкупните изборни резултати во неделата.
Резултатите од 98 отсто од регистрираните избирачки места на саботните избори покажуваат дека партијата СМЕР-ССД на Фицо води со 23,37 отсто од гласовите.
Следува либералната Прогресивна Словачка (ПС) со 16,86 отсто, а трета партија е ХЛАС (Глас), која би можела да стане клучна за формирање нова влада, со 15,03 отсто.